Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Ред Бул чкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ – патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

14 мар. 2023 г.·3 мин читање·1679 прегледи

Следете не на Viber

Едукативно-технолошката организација Бреинстер, Бреинстер Некст колеџот и Ред Бул организираат настан по чкртање во живо, кој е дел од глобалниот натпревар „Red Bull Doodle Art“, а за најдобрите следуваат вредни награди, како патување во Амстердам на финалниот натпревар и ваучери за учење дизајн.

Настанот, кој е дел од соработката меѓу Бреинстер и Ред Бул ќе се одржи на 18 март 2023 (сабота) во просториите на Бреинстер.

Натпреварот, всушност во Македонија се враќа после пауза од шест години, а натпреварувачите, покрај можноста да цртаат на ваквите креативни настани, своите креации може да ги пријавуваат и онлајн. „Red Bull Doodle Art“ е глобален натпревар во цртање/креирање на шкртаници кој се одржува во 60 држави, а од секоја се избира по еден национален уметник-претставник што ќе учествува на глобалното финале кое ќе се случи во мај оваа година во Амстердам, Холандија.

„Ова е одлична можност за креативците бидејќи е глобален натпревар кој ја прикажува неверојатната креативност и талент на младите уметници од целиот свет. Red Bull Doodle Art не е само платформа за новите уметници преку која тие ги покажуваат своите вештини, туку настанот ја слави и моќта на чкртањето (doodle) како форма на самоизразување. Ние во Бреинстер го цениме дигиталното креативно изразување, а со подемот на дигиталната уметност и технологија, веруваме дека и оваа безвременска форма на уметност заслужува признание и треба да се поддржи. Заедно со Ред Бул се надеваме дека ќе ја инспирираме следната генерација уметници да ја продолжат својата страст и да го покажат својот талент на глобалната сцена. Едукацијата и поддршката на најталентираните е дел од нашата мисија и затоа и ги отвораме вратите од нашите простории за овој значаен настан“, вели Јана Тодоровска од Partnerships тимот на Бреинстер.

Најдобрите од „Red Bull Doodle Art“ натпреварот ќе добијат ваучери за Бреинстер aкадемиите за графички дизајн или UX/UI дизајн или пак попуст за школарината на Бреинстер Некст колеџот ако се запишат на додипломски студии на студиската програма по UX/UI и графички дизајн.

Исто така, победникот ќе добие можност за патување во Амстердам, каде ќе работи со артист-ментор на подобрување на своето дело и негова трансформација во ексклузивно НФТ уметничко дело. Победничкиот дизајн во соработка со тимот на SWithADot ќе биде ставен и на дизајн на патики кои ќе бидат пуштени во комерцијална продажба.

Пријавувањето за напреварот е достапно на линкот https://win.gs/3YfbQYb, а може да се изврши и при доаѓањето во просториите на Бреинстер на 18 март.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • Бреинстер
  • Бреинстер Некст колеџот
  • Ред Бул
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk