Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

РАЗДВИЖЕНО СО АКЦИИТЕ НА „РЕПЛЕК“: „Настел“ и натаму продава, Владимир Пецовски купува

18 сеп. 2024 г.·2 мин читање·3169 прегледи

Следете не на Viber

Владимир Пецовски постојано го зголемува, а „Настел“ го намалува сопственичкиот удел во „Реплек“. Најновата информација споделена преку Македонска берза вели дека акционерот што купува сега поседува 6,34, а тој што продава 8,38 проценти од хартиите од вредност издадени од фармацевтската компанија.

Овојпат како купувач е наведен и членот на Управниот одбор, Марјан Велковски.

„Акционер со над 5% Пецовски Владимир се стекна со 17 нови акции, со што поседува вкупно 16.430 или 6,34% од вкупниот број на акции.

Акционер со над 5% односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 32 акции, со што поседува вкупно 21.721 или 8,38% од вкупниот број на акции.

Членот на Управен одбор Велковски Марјан се стекна со 10 нови акции, при што вкупно поседува 40 обични акции“, објавија од „Реплек“.

И пред една недела имаше ваква слична информација, кога инвеститорската  јавност беше известена дека Владимир Пецовски купил три, а „Настел“ продал 99 акции. Пред неколку дена, пак, имаше блок-трансакција во вредност од над 81 илјада евра, преку која беше купен пакет од 358 акции, или 0,14 проценти од основната главнина на „Реплек“.

Клучни зборови

  • акции
  • Владимир Пецовски
  • Македонска берза
  • Марјан Велковски
  • Настел
  • Реплек
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk