Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

Расте интересот за кредити: Во февруари граѓаните позадолжени за 28,6, фирмите за 57,2 милиони евра

25 мар. 2025 г.·4 мин читање·1792 прегледи

Следете не на Viber

За еден месец долгот на граѓаните кон банките е зголемен за 28,6 милиони евра, a на компаниите за 57,25 милиони евра. Износите го претставуваат месечниот раст од 1,1 процент. Во февруари, на годишно ниво е регистрирано движење од 11,5 проценти. Вкупната задолженост е 499.497 милиони денари, што е еднакво на 8,12 милијарди евра.

Во вториот месец од годинава депозитите се повисоки за 0,4 насто. Изнесуваат 595.277 милиони денари или 9,67 милијарди евра. Овој раст целосно произлегува од штедачките навики на граѓаните, кои на банките им довериле дополнителни 41 милион евра, во „услови на пад на депозитите на корпоративниот сектор“, се наведува во последниот извештај на Народната банка за монетарните движења во февруари. Годишниот раст на вкупните депозити е измерен со 11,1 процент.

Домаќинства – За еден месец вкупните депозити на домаќинствата, по зголемувањето од 0,8 проценти, достигнале 400.785 милиони денари, односно 6,51 милијарда евра, „во поголем дел под влијание на зголемените депозитни пари и долгорочни депозити во денари и во странска валута, а во помала мера и на краткорочните депозити во денари и во странска валута“, појаснуваат од централната банка. Притоаа, забележано е годишно зголемување од 13,1 насто.

Истовремено, прагот на кредитната задолженост е поместен за 0,7 проценти, а износот е 251.899 милиони денари, што е противвредност на 4,09 милијарди евра. Годишното зголемување е за 8,9 проценти. А, се должи на нагорните движења и кај денарските и кај девизните кредити. Сепак, предност има задолжувањето во домашната валута (137.629 милиони денари/2,23 милијарди евра).

Потрошувачките кредити, кои се убедливо најбарани и најкористени, од јануари до февруари се зголемиле за 17,85 милиони евра, или за 0,9 проценти. Се работи за сума од 129.594 милиони денари/2,1 милион евра. Растот на годишна основа е за 8,5 проценти.

Следуваат станбените кредити, кои месечно нараснале за 1,2, а годишно за 13,3 насто. Станбеното прашање на граѓаните е решено со вкупен износ од 95.946 милиони денари или 1,56 милијарди евра.

Минатиот месец опаднал интересот за купување нов автомобил со помош на банкарски кредит –  за 0,8 проценти. Сепак, на годишна основа бележат зголемување од 6,5 насто.

И натаму продолжува падот кај кредитирањето со посредство на кредитните картички. Овојпат, за 1,8% на меселно и за 9,0% на годишно ниво. Истата состојба е присутна и кај негативните салда на тековните сметки и кај кредитите одобрени по други основи. Првите се со месечен и годишен пад од 0,9% и 5,0%, а минусите кај вторите се за 1,5% и за 9,5%.

Корпоративен сектор – Депозитите на компаниите изнесуваат 165.805 милиони денари (2,69 милијарди евра). Во текот на февруари се намалиле за еден процент, „како резултат на падот на краткорочните депозити во странска валута“. Наспроти тоа, имаат годишен раст од 7,4%.

Бизнисите имале потреба од пари, а тоа минатиот месец се одразило со плус 1,5%. Годишното позитивно движење е 14,3%. Овие промени, според Народната банка, се должат на зголеменото кредитирање во денари, а има пад на кредитите во странска валута. Компаниите им должат на банките 3,98 милијарди евра.

 

Клучни зборови

  • депозити
  • кредити
  • монетарни движења во февруари
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk