Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Растат измамите-колега од работа зел брз кредит во негово име и му се заканувал по живот

5 јул. 2021 г.·3 мин читање·8690 прегледи

Следете не на Viber

-Дај ми ја и твојата лична карта за да можам со две лични карти да земам два пакета што се даваат како помош за социјално загрозени семејства. Така ми рече. Ама требало и здравствен број, дај ми ја и твојата здравствена книшка, додаде. После тоа, ми ја побара и банкарската картичка за банкомат,  за, наводно, тетка му од Србија да му прати пари. Оти неговата не била активна. Ми го побара и мобилниот телефон и цело време беше кај него, оти сопругата требаше да му се породи. Јас наивен, му верував и во интерес на колегијалноста, му помагав. Тој пак, ја искористил мојата наивност и во мое име си подигнал некојси брз кредит. А ни на крај памет не се ни посомневав дека вакво нешто може да се случи, раскажува кавадарчанец кој поради својата добронамерност бил измамен од колегата кој во негово име подигнал брз кредит.

Кавадарчанецот пријавил во полиција дека колега од работа земал брз кредит во негово име, добил и закани по живот од блиски на колегата. Од неговата трансакциска сметка, колегата испразнил над илјада евра. Овој случај на измама  го потврдија за МИА и измамениот кавадарчанец и МВР.

-Случајот го пријавив во полиција, откако ми стигна писмо дека должам рата за кредит што не сум го подигнал самиот, ами колегата во мое име,  раскажа кавадарчанецот за тоа како бил измамен.

Сега, како што нагласи, останал и без својата заштеда во ова тешко време и услови на пандемија во светот, а деновиве добил и закани по животот.
-За малку ќе не истепаа додека бевме со сопругата, петмина. Колегата што се ми направи мене, а сега неговите блиски од мене бараа јас да не сум го малтретирал него. Којзнае што можеше да се случи да не наидеше едно момче, тоа беше среќна околност за нас, ни го спаси животот со својата појава. А иронијата да биде уште поголема, татко му на колегата вика, ќе му кажел да не ме задева. Здравјето си го изгубив од нервози, откри измамениот кавадарчанец.
Тој  се надева дека полицијата и судот ќе го решат случајот најбрзо што може,  рече дека дел од одговорите очекува да ги даде и снимката од видео камерата кај банкоматот,  од кој,  неговиот колега си подигнал туѓи пари.

Овој  кавадарчанец упатува апел до сите луѓе да бидат внимателни и да не веруваат секому, за да не ги снајде  тоа што му се случило нему.

МИА побара официјална информација од МВР за овој случај.

– На 31.05.2021 во 13,00 часот во Полициската станица Кавадарци Т.Т.(52) од Кавадарци пријавил дека во временски период од 14.04. до 20.05.2021 од страна на Р.Т.(25) од Кавадарци му биле злоупотребени личните податоци, на тој начин што знаејќи ги личните податоци на пријавителот ги злоупотребил и во негово име аплицирал во повеќе наврати за добивање на брзи кредити, а истите парични средства со картичката на оштетениот ги подигнал од банкомат при што се стекнал со противправна имотна корист од 65.000 денари. По превземени мерки со Р.Т. бил извршен разговор во полициска станица и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, стои во одговорот од МВР.

Клучни зборови

  • брзи кредити
  • измама
  • кавадарчанец
  • колега од работа
  • МВР
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk