Бизнис-секторот во земјава ќе ја памети 2024 како уште една нестабилна година, обележана со засилени турбуленции поради сѐ уште нестабилизираните пазари, особено поради економската криза во Германија, поради инфлаторните притисоци и недостигот на работна сила на пазарот. Како компаниите ја одржуваа својата финансиска кондиција во вакви услови? Дали се потпираа на расположливите финансии и се воздржуваа од нови задолжувања или, пак, беа принудени да ги зголемуваат своите краткорочни и долгорочни обврски за да останат конкурентни на пазарот или да инвестираат во раст и развој?
Порталот Пари ја анализираше финансиската слика на компаниите котирани на Македонската берза преку нивните неревидирани финансиски извештаи за 2024 година. Од оваа анализа заклучивме дека компаниите во минатата година ги зголемиле своите краткорочни обврски по основ на кредити, заеми и хартии од вредност за 8,3 насто, додека нивните долгорочни обврски по истиот основ се зголемиле за 12,3 насто.
Но, сликата не е еднолична и покажува дека не позајмиле сите компании пари за да го финансираат своето работе…