Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

Раководниот тим на Стопанска банка АД – Скопје доби четири нови директорки

13 јул. 2022 г.·2 мин читање·4837 прегледи

Следете не на Viber

Раководниот тим на Стопанска Банка АД – Скопје се прошири со нови раководни лица, информираат од Банката. Михаела Атанасова Стоичовска, која е 9 години дел од #СТБтим) е именувана за Директор на Сектор за управување со кредитен ризик, а Емилија Стојанова Ивановска, 16 години дел од #СТБтим  за Директор на Сектор за управување со ризици. Александра Тасева (18 години дел од #СТБтим) е заменик директор на Сектор за внатрешна ревизија, а Јулијана Прошев (15 години дел од #СТБтим) – заменик директор на Сектор за сметководство.

„Не радува фактот што можеме да ги најавиме новоименуваните #Директорки кои, секоја во својата област, придонесувале и ќе придонесат за развојот на Банката повеќе години“, велат од тимот на Стопанска Банка АД – Скопје. „Потенцијалот, вложениот труд, желбата за подобрување на перформансите, поддршката од тимот како и постоење на систем во кој може да се напредува, се предусловите кои го овозможуваат нашиот кариерен развој“, се додава.

Банката се гордее што менаџерскиот тим има родово балансиран состав, што е, како што нагласуваат од Стопанска Банка АД – Скопје, уште една општествена придобивка.

„Веруваме во силата на нашите вработени и горди сме на колешките, кои со новите позиции пред сe‘ добиваат признание за досега постигнатото, но добиваат и обврска и одговорност да продолжат да го развиваат човековиот потенцијал во своите тимови и да создаваат нови успешни приказни“, се вели во информацијата на Банката. „Создаваме можности за нашите вработени да стекнат знаење и искуство, кое потоа ќе ги изгради во компетентни кадри, со кои се гради одржлива иднина за Банката“, нагласуваат од Стопанска Банка АД – Скопје.

Клучни зборови

  • директор
  • кариера
  • Стопанска банка
  • Стопанска банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk