Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

Ракетата SpaceX лансирана кон Меѓународната вселенска станица, меѓу космонаутите е и Русинка

7 окт. 2022 г.·2 мин читање·881 прегледи

Следете не на Viber

Ракетата SpaceX на Илон Маск денеска беше лансирана кон Меѓународната вселенска станица, а екипажот го сочинуваат американски и јапонски астронаути, заедно со една Русинка. Ова е прв пат во последните 20 години руски космонаут да лета од САД и покрај тензиите околу војната во Украина, пишува АП, пренесува Танјуг.

Се вели дека тие треба да пристигнат на вселенската станица утре, 29 часа по нивното пладневно полетување од вселенскиот центар Кенеди на НАСА. Вселенските агенции се согласија да обезбедат континуирано присуство на САД и Русија на Меѓународната вселенска станица и покрај војната во Украина.

Планирано е астронаутите на станицата да останат до март. Астронаутите кои полетаа денеска го заменуваат американско-италијанскиот екипаж кој пристигна на станицата во април. Овој лет претходно беше одложен поради ураганот Иан, кој ги погоди САД минатата недела.

„Се надевам дека со ова лансирање малку ќе им го олесниме небото на сите над Флорида“, изјави Коичи Ваката од Јапонската вселенска агенција, кој го прави својот петти вселенски лет. Тој забележува дека тројца нови космонаути му се придружиле во петмесечната мисија во вселената – поморскиот полковник Никол Ман, првата Индијка што орбитирала околу Земјата, морнаричкиот капетан Џош Кашада и уште една жена космонаут – Ана Кикина од Русија.

Таа е дел од размената на Руската вселенска агенција за Френк Рубио од НАСА, кој се лансираше до вселенската станица со двајца космонаути на ракетата Сојуз пред две недели од Казахстан.

Вселенските агенции се договорија во текот на летото да обезбедат континуирано присуство на САД и Русија на ISS, со следната размена на екипажот на пролет.

Клучни зборови

  • SpaceX
  • Меѓународна Вселенска станица
  • ракета
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk