Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Рајфајзен банка ја продаде својата подружница во Белорусија

2 дек. 2024 г.·2 мин читање·1614 прегледи

Следете не на Viber

Австриската банкарска групација Рајфајзен денеска соопшти дека ја продаде својата подружница во Белорусија на операторот Совен 1 Холдинг од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), додека и понатаму е критикувана поради нејзините активности во Русија.

– Тоа е важен чекор во нашата посветеност да ја намалиме нашата изложеност во Источна Европа, велат од банката, која останува активна во Русија и покрај повиците на Европската централна банка (ЕЦБ) да ја напушти земјата.

Банката додаде дека има „негативно влијание од околу 830 милиони евра врз резултатите“, додека нејзината подружница Приорбанк е една од најважните банкарски институции во Белорусија.

Според годишниот извештај, Приорбанка е трета по големина банка во Белорусија со 940.000 клиенти.

Во јуни веќе нарушениот имиџ на Рајфајзен беше погоден со рекордна казна од повеќе од два милиони евра поради неконтрола во борбата против перењето пари. Банката ги отфрли тие обвинувања и поднесе жалба на казната.

Рајфајзен банка е присутна во Белорусија од 2003 година, а во Русија од 1996 година, каде што продолжувањето на нејзините активности беше осудено од украинскиот претседател Володимир Зеленски во 2022 година.

Клучни зборови

  • Рајфајзен
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk