Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаФинансии

Раде Кончар – ТЕП ја заокружува контролата врз А.Д. Раде Кончар-Апаратна техника

6 ное. 2025 г.·2 мин читање·2414 прегледи

Следете не на Viber

Раде Кончар-ТЕП извести дека успешно се заврши Јавната понуда за преземање на А.Д.Раде Кончар – Апаратна техника, со тоа што 31 акционер продал 18.584 акции, што претставува 9,01 отсто од вкупно издадените обични акции со право на глас. Понудата се однесуваше на сите 151.709 акции, со исклучок на оние 51.557 кои веќе се во сопственост на Раде Кончар – ТЕП и поврзаните лица, како и на 2.964 акции со ограничено право на глас по цена од 2.435 денари за акција.

Решение за утврдување на успешноста е дадено од Комисјата за хартии од вредност, на денес одржаната седница:

„Комисијата за хартии од вредност на 70-тата седница донесе Решение за утврдување на успешноста на понудата дадена од Раде Кончар – Трансформатори и електрични постројки – ТЕП ДООЕЛ Скопје за преземање на Раде Кончар Апаратна Техника АД Скопје…“.

Цената понудена од Раде Кончар – ТЕП беше за 20 насто повисока од просечната пазарна вредност во изминатата година и се покажа како мотиватор за добар дел на имателите на акции. Со оваа трансакција, Раде Кончар – ТЕП дополнително ја зајакнува својата сопственичка структура во рамките на целата групација Раде Кончар. Неодамна, пак, членовите на Одборот на директори на Раде Кончар-Апаратна техника дадоа позитивно мислење за понудата, но се изјаснија дека нема да ја прифатат. Според нивното образложение, сакаат и понатаму да го остваруваат своето право на глас на собранијата на акционери и да остваруваат право на дивиденда од акциите што ги поседуваат. За реализацијата беше обезбедена банкарска гаранција во износ од над шест милиони евра депонирана во Централниот депозитар за хартии од вредност.

Во плановите на преземачот се реструктурирање, зголемување на ефикасноста и рентабилноста, како и оптимизација на работењето на А.Д.Раде Кончар-Апаратна техника и придружните друштва.
Иако нема да има промени во политиката на управување, се поставува прашањето – дали Раде Кончар – ТЕП сега дефинитивно станува доминантен сопственик на компанијата?

Клучни зборови

  • Јавна понуда
  • Комисија за хартии од вредност
  • Раде Кончар -ТЕП
  • Раде Кончар-Апаратна техника
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk