Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисФинансии

„Раде Кончар – Апаратна техника“ оштетен со речиси еден милион евра

28 мар. 2023 г.·2 мин читање·15131 прегледи

Следете не на Viber

Речиси еден милион штета ќе трпи скопски „Раде Кончар – Апаратна техника“ по судска пресуда од јануари, а за случај од 2011 година. Се работи за големи неправилности направени од страна на управителот на придружниот ентитет „Раде Кончар – Заеднички дејности“, каде што 40 отсто удел имаат „Раде Кончар—Апаратна техника“.

Штетата ќе ја плаќа „Заеднички дејности“, па од таму ќе нема никакви приходи во наредните години. За акционерите тоа значи дека за оваа, а можеби и за следната 2024 година ќе нема распределба на дивиденда. Се губат значителни средства, доколку се има предвид дека вредноста на дивидендата по акција се движи од едно до две евра годишно, акционерите ќе бидат оштетени во значителен износ.

За оваа состојба од „Раде Кончар – Апаратна техника“ информираа преку Берзата. Како што е наведено, „Раде Кончар – Заеднички дејности“ е задолжен со главен долг во износ од 26,8 илјади евра или 1.657.035,00 денари, како и со 565.924,04 евра. На овој износ, почнувајќи од шести февруари 2015, па се до конечната исплата на долгот ќе се пресметува затезна камата.

Оттаму и проценката од „Раде Кончар—Апаратна техника“ за огромните последици кои се бројат со скоро милион евра.

Акционерското друштво за проектирање и производство на електрични производи, пред овие случувања, во неревидираниот извештај објави дека се остварени 490 илјади евра од работењето во 2022 година. Сега состојбата се менува. Затоа и известуваат дека се во фаза на ревизија на финансиските извештаи. Како што се појаснува, известувањето за пресудата пристигнало по истекот на роковите за објавување на годишните неревидирани, неконсолидирани финансиски извештаи и за пријавување на годишната сметка. Што дополнително ќе биде објавено преку СЕИ-НЕТ.

Клучни зборови

  • акционери
  • оштетени
  • Раде Кончар-Апаратна техника
  • судска пресуда
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk