Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

Дури 94% од работниците нема да ги имаат потребните вештини за работа во следната деценија

20 ное. 2020 г.·2 мин читање·4623 прегледи

Следете не на Viber

Многу држави ќе се соочат со растечки недостаток на вештини во текот на следната деценија, ако не се започне веднаш со преквалификување на работниците за дигитална економија како одговор на пандемијата, според новиот извештај на Мекинзи.

Консултантите објавија дека нивната анализа покажала дека 94% од работната сила нема вештини кои ќе бидат потребни во 2030 година.

Пандемијата го поларизираше пазарот на трудот со вештини кои веќе недостасуваат, како оние кои се потребни за е-трговија и анализа на синџирот на снабдување, додека работните места со ниски квалификации изгубени за време на кризата веројатно нема да закрепнат, покажува извештајот.

Некои од работните места кои се изложени на најголем ризик се работните места во продажба, трговија на мало, рецепционери и келнери, хонорарни преведувачи и честопати помлади работници.

„Без заедничка акција на работодавците, две третини од работната сила во Велика Британија би можеле да бидат без основни дигитални вештини до 2030 година, додека повеќе од 10 милиони луѓе би биле недоволно квалификувани за лидерство, комуникација и донесување одлуки“, се вели во извештајот.

Велика Британија долго време се бореше со ниска продуктивност, а производството е особено слабо и меѓу најниско платените работни места, делумно поради недостаток на обука.

Организацијата за економска соработка и развој во октомври соопшти дека учеството во доживотно учење е повисоко од европскиот просек, но опадна во последните години, а обуката на работното место падна по финансиската криза во 2008 година.

Британската економија е сериозно погодена од пандемијата. Бруто домашниот производ падна за 20% во вториот квартал.

Се проценува дека на Велика Британија ќе и бидат потребни пет до 10 години да се опорави, бидејќи финансискиот удар ќе ја уништи економијата што е во процес на Брегзит.

Клучни зборови

  • вештини
  • е-трговија
  • Мекинзи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk