И во Македонија може да се заработи и добро да се живее од плата. Пример се вработените на кои минатата година им била исплатена просечна плата од близу седум илјади евра. Се занимаваат со трговија на струја. Овој просек се однесува на компанијата Рењувабал Енерџи Суплај РЕС, која функционира со 16 работно ангажирани лица.
Нивните месечни примања за една година се зголемиле за 236,49 проценти. Во 2023 година просечната плата во друштвото за трговија и снабдување на електрична енергија изнесувала 125.577 денари или нешто над две илјади евра. А, лани достигнала 422.554 денари, што е еднакво на 6.870 евра.
Колективот е мал, но функционален. Преклани броел 12, а лани се проширил за четворица нови членови. Што значи бројот на вработените се зголемил за 33,33 п…