Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

РАБОТАТ НЕДОМАЌИНСКИ, СМЕТКИТЕ ГИ ПЛАЌА ДРЖАВАТА, сега се бара решение – поевтина струја за јавните претпријатија 

27 јан. 2025 г.·3 мин читање·3971 прегледи

Следете не на Viber

Непрофитни друштва, како болници, училишта, јавни претпријатија имаат енормни сметки за струја, бараат и за нив да има повластена цена. Без оглед на причините кои довеле до таа состојба, меѓу кои е и недомаќинското работење на дел од нив, ќе се преземат мерки за да се заштитат. Веќе се прават анализи од кои треба да произлезе системско решеније и тие да добијат понормална цена, најави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Изјавата доѓа по писменото барање од јавните претпријатија, адресирано до ресорното Министерство, и нивната потрошувачка на електрична енергија да се пресметува како и на населението и малите фирми – по цената од регулираниот пазар, која е субвенционирана.

Министерстовото за енергетика и Владата се запознаени со проблемот. Претпријатија за набавка се упатени на слободниот пазар, а во случај на ненавремено направен договор, за да не останат без струја, можат да купуваат и од ЕВН, која е најскапата варијанта и може да се користи во текот на најмногу 90 дена. Сепак, со години има прекршувања на законските одредби, а цехот го плаќа државата, односно даночните обврзници. Освен тоа, никој никогаш не е повикан на одговорност поради тоа што на овој начин во континуитет се оштетува државната каса. Оттаму и најавата на Божиновска дека за јавните претпријатија ќе се направи балансна група.

„Свесни сме за овој проблем. Уште кон крајот на минатата година почнавме да ги гледаме болниците, школите, училиштата, комуналните претпријатија кои имаат енормни сметки за струја. Тие можеби од незнаење или немање стручен кадар, на пример, ако не изберат снабдувач одат во снабдување со краен случај. И сами не се запознаени со последиците од непостапувањето. Тоа е една работа, а друга е дека се оставени на ризик на берзата. Тие се непрофитни и ние сега правиме сериозна и темелна анализа, да видиме колку енергија е тоа, колку мегават часови е вкупно, и ќе видиме да направиме пакет за нив, да видиме да имаат некоја друга, понормална цена, односно да има некои заштеди“, вели министерката.

Целта е, истакнува, да се дојде до системско решение.

Инаку, зад барањето за повластена цена на електрична енергија стојат 90 јавни комунални претпријатија, кои посочуваат дека поради нивната ликвидност, која е поврзана со интересот и на граѓаните, треба да плаќаат струја по единствена цена за киловат-час. Во спортивно, може да дојде до нередовно водоснабдување и пречистување на отпадните води, што ќе предизвика огромни здравствени и еколошки проблеми.

Клучни зборови

  • болници
  • јавни претпријатија
  • Сања Божиновска
  • системско решение
  • училишта
  • цена на струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk