Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Работа од дома, дигитализација, раст на јавниот долг. Пандемијата ја менува глобалната економија

15 фев. 2021 г.·1 мин читање·1448 прегледи

Следете не на Viber

Шокот предизвикан од вирусот доведе до многу прилагодувања во економијата. Работата од дома беше воведена масовно, дигитализацијата стана широко распространета во сите сфери на животот, јавниот долг нагло се зголеми, услужниот сектор доживеа силна контракција, а производството покажа издржливост.

Сепак, најголемите шокови ги претрпе пазарот на трудот, бидејќи милиони луѓе останаа без работа, според анализата на економските аналитичари Катарина Станчиќ и Миладин Ковачевиќ, објавена во последното издание на билтенот Месечна анализа и трендови (МАТ).

Според последните проекции на ММФ, проценката за глобалниот раст за оваа година е ревидирана од 0,3 процентни поени на 5,5 проценти, додека глобалниот економски пад за минатата година е ревидиран од 4,4 проценти на 3,5 проценти. Оптимизмот во врска со закрепнувањето се заснова на солидни показатели од втората половина на 2020 година, кои потврдуваат дека економијата повеќе или помалку се прилагодила на вонредните околности.

Најголемото закрепнување е забележано во приватната потрошувачка, додека инвестициите сè уште полека се враќаат во нормала, освен во Кина.

Клучни зборови

  • вирус
  • контракција
  • мерки
  • пандемија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk