Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Пушачи од мали нозе – Децата палат цигара уште на 13 години!

19 дек. 2025 г.·3 мин читање·2076 прегледи

Следете не на Viber

Просечната возраст на која се започнува со пушење е 13,5 години, или децата во земјава првата цигара ја палат уште во основното училиште. Дури 74 проценти од младите почнуваат да пушат пред 13 години, а над 80 проценти од пушачите ја формираат навиката пред 25-годишна возраст. Според ESPAD 2024, 33 отсто од учениците на возраст од 15 и 16 години барем еднаш пробале цигара, а 24 отсто пушеле во последните 30 дена. Најалармантно е што речиси 80 отсто од младите пушачи никогаш не биле спречени да купат цигари поради нивната возраст.

Податоците ги изнесе Тамара Мијовиќ Спасова, програмската директорка на тинк тенк Аналитика, на јавната расправа во Собранието, насловена „Заштита на децата и младите од штетните влијанија од пушењето“. Во своето обраќање таа ги презентираше најновите истражувања и анализи на Аналитика и упати јасни препораки за законски измени и институционални интервенции со цел превенција и намалување на пушењето кај децата и младите.

Мијовиќ Спасова истакна дека пушењето кај младите во Македонија не е прашање на личен избор, туку резултат на слаба регулатива, недоследно спроведување на законите и висока општествена прифатливост на тутунот.

„Во земја каде цигарите се меѓу најевтините во светот и каде малолетниците без проблем можат да ги купат, државата директно ја губи битката за јавното здравје“, нагласи таа.

Според Мијовиќ Спасова, бројките јасно покажуваат дека пушењето кај младите е последица на прекумерна достапност на тутунот и недоволна институционална заштита, а не на информиран избор.

Во таа насока, Аналитика препорачува неколку клучни мерки кои, според меѓународни искуства и домашни анализи, даваат докажани резултати:

Зголемување на акцизите на тутунските производи. Анализите на Аналитика покажуваат дека зголемување на цените за 10 насто ја намалува веројатноста младите да започнат со пушење за околу 3 отсто. Повисоките цени имаат најголем ефект кај децата и младите и кај домаќинствата со низок доход.

Наменско користење на приходите од акцизи за долгорочни, масовни едукативни кампањи, во кои ќе бидат вклучени образовните и здравствените институции.

Доследно и строго спроведување на законите што забрануваат продажба на тутунски производи на малолетници, како приоритет број еден во превенцијата.

Зајакнување и спроведување на забраните за пушење на јавни места, со цел заштита на јавното здравје и враќање на веќе постоечките законски решенија кои денес во пракса не се почитуваат.

„Иднината на децата и здравјето на граѓаните директно зависат од одлуките што ги носите вие како пратеници“, порача Мијовиќ Спасова. Таа апелираше пушењето да не се третира како изолиран здравствен проблем, туку како општествена криза и пораз на државата која предолго не презема доволно мерки за заштита на најмладите.

„Секое одложување значи нови генерации зависници, повисоки здравствени трошоци и изгубен човечки потенцијал. Потребни се јасни закони и нивно доследно и непристрасно спроведување“, заклучи таа.

Клучни зборови

  • акциза на цигари
  • Пушачи
  • Тамара Мијовиќ Спасова
  • тинк тенк аналитика
  • цигари
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk