Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Првпат во „Аџибадем Систина“ успешно третирана единечна секундарна мозочна промена со стереотактичка радиохирургија

23 мар. 2026 г.·3 мин читање·1786 прегледи

Следете не на Viber

Првпат во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно е третирана единечна секундарна промена на мозок кај 68-годишна пациентка со примена на стереотактичка радиохирургија (SRS), една од најсовремените методи што ги овозможува линеарниот акцелератор TrueBeam. Главната цел на оваа метода е прецизно уништување на туморот со минимални несакани ефекти и заштита на здравото околно ткиво. Со ова Центарот за онкологија и радиотерапија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ станува прв и единствен центар во земјата каде што се применуваат радиохирургијата и стереотактичката радиотерапија во третман на онколошките пациенти.

„Кај 68-годишна пациентка беше изведена реирадијација со примена на стереотактичка радиохирургија (SRS), односно високопрецизно насочено зрачење во мозокот, кое дејствува како ‘операција без нож’. Оваа метода во одредени случаи може да ја замени хируршката интервенција кај малигни и одредени бенигни заболувања. Со овие техники, дозата на зрачење е максимално концентрирана во туморот, додека влијанието врз здравите ткива е сведено на минимум, со што значително се намалуваат несаканите ефекти“, објаснува проф. д-р Дева Петрова, специјалист по онкологија и радиотерапија.

Доц. д-р Миленко Костов, специјалист по неврохирургија, посочува дека промената била со многу мали димензии, но локализирана во длабоки мозочни структури, што ја правело тешко достапна за конвенционална хируршка интервенција. Поради тоа, со мултидисциплинарен пристап беше избрана радиохирургијата како најбезбедно и најефикасно решение за пациентката.

Со воведувањето на новиот линеарен акцелератор TrueBeam во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, на пациентите им се достапни најсовремени техники за радиотерапија. Стереотактичката радиохирургија (SRS) претставува напредна метода, која користи високопрецизно насочени дози на зрачење за третман на тумори и други состојби на мозокот, ’рбетот и SBRT за другите делови од телото. Д-р Петрова потенцира дека со линеарниот акцелератор Truebeam, покрај SRS и SBRT, се користат и техниките на зрачење на дојка во длабок инспириум  DIBH (Deep inspiration breath hold), како и зрачење на тумор на бели дробови со контрола на дишење. Високата доза на зрачење, која директно се насочува кон целниот волумен, доведува до намалување на туморот и контрола на неговиот раст.

Во споредба со традиционалната хирургија или стандардните радиотерапевтски методи, радиохирургијата најчесто носи помал ризик од несакани ефекти и овозможува пократок период на закрепнување. Најголемата придобивка е што оваа метода е неинвазивна, а во многу случаи може да биде еднакво ефикасна како и хируршкиот третман.

Клучни зборови

  • Аџибадем Систина
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk