Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Првиот робот инфлуенсерка прави пари и ја следат 300 000 фанови

7 ное. 2020 г.·2 мин читање·3765 прегледи

Следете не на Viber

Поради големиот технолошки напредок, немојте да се изненадите ако се покаже дека еден од вашите омилени инфлуенсери на Инстаграм е всушност робот.

Пандемијата која го зафати целиот свет и ја ограничи активноста на „живите“ влијатели, ги принуди компаниите да користат робот-инфлуенсери за да ги промовираат своите производи на платформи како што е Инстаграм.

Една од нив е @imma.gram, која има повеќе од 300.000 следбеници на Инстаграм. Иако на прв поглед наликува на обична девојка, таа сепак е робот, што заработува вистински пари.

Таа е позната по неколку многу успешни соработки, како што е соработката со Порше, потоа луксузната модна марка Ферагамо. Покрај тоа, таа снима модни едиторијали и учествува во предизвиците на ТикТок.

Виртуелните влијатели имаа големо влијание на социјалните мрежи и пред и после пандемијата.

Според експертите, брендовите се очекува да трошат околу 15 милијарди долари годишно на т.н. инфлуенсер маркетинг до 2022 година, за разлика од ланските 8 милијарди долари.

Се повеќе и повеќе од тие пари припаѓаат на виртуелни влијатели, а традиционалниот маркетинг доживува сериозни нарушувања.

„Виртуелните влијатели, иако се лажни, имаат вистински деловен потенцијал. На долг рок, поевтино е да се работи со нив отколку со луѓе. „100 проценти од нив можат да се контролираат и можат да се појават на неколку места одеднаш, и што е најважно, тие никогаш не остаруваат и не умираат“, вели еден експерт за маркетинг.

Клучни зборови

  • инстаграм
  • инфлуенсер
  • маркетинг
  • Робот
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk