Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Првиот промет на Македонска берза пред 25 години изнесувал 1.1 милион денари

28 мар. 2021 г.·3 мин читање·744 прегледи

Следете не на Viber

Македонска берза, денес на 28-ми март прославува 25 години од основањето и успешно функционирање. Берзата е формирана 1996 година. Формирањето на берзата започнува со доаѓањето на странските консултанти во Македонија и отпочнуваат со проектот за формирање на берза. Се формира локалниот тим што работи на формирањето на берзата. Како резултат на сите интензивни активности 19 домашни финансиски институции (13 банки, 3 штедилници и 3 осигурителни друштва) потпишуваат Договор за основање на берзата на 13 септември 1995 година. Берзата е основана како непрофитно акционерско друштво под назив Македонска берза АД Скопје, со основачки капитал од 1 милон германски марки. Претходно, Комисијата за хартии од вредност позитивно го оценува барањето за основање на берза и дава формална дозвола за работа во август истата година. Основачите на Македонската берза се нејзините први членки. Воедно, до крајот на 1995 година, Комисијата организира обуки за работа со хартии од вредност за идните брокери и на почетокот на 1996 година ги издава првите лиценци за работа со хартии од вредност. Во оваа фаза процесот добива поддршка и од германската Агенција за техничка соработка GTZ.

Тој 28 март, пред две и пол децении, новата берзанска сала беше преполна.  Точно во 10 часот, претседателот Киро Глигоров, со три удара во ѕвоното означи почеток на работа на првата берза во македонската историја.

На тој прв ден на тргување се склучија 25 трансакции со 8 различни хартии од вредност и се оствари вкупен промет од 1,1 милион денари.

Четврт век потоа на Берзата се склучени вкупно околу 580 илјади трансакции со повеќе од 640 акции и над 30 обврзници, при што вкупната вредност на целокупниот досегашен промет изнесува над 3,9 милијарди евра.

Најголем предизвик што сеуште тешко се надминува е тоа што Берзата не е практично искористена и од корпоративниот и од јавниот сектор како пазарен механизам за нивно финансирање, но тоа е општа аномалија на економиите и на финансиските системи на сите пост-транзициски економии во регионот и пошироко.

Што се однесува до иднината, стратегијата на Македонската берза е јасно формулирана – одржување и зголемување на ефикасноста на организираниот пазар на хартии од вредност во Македонија, постојано ширење на лепезата на производи и услуги, што поголема интеграција со други сродни институции во земјата и други регионални пазари поради поголеми синергии и воведување на модерни технологии во работењето и максимално можна дигитализација.

Клучни зборови

  • 25 години
  • Македонска берза
  • прв промет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk