Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финтек

Првата финтек мобилна апликација на пазарот Myiute одбележува 4 години од нејзината имплементација

30 мај 2025 г.·2 мин читање·2583 прегледи

Следете не на Viber

Како компанија во чијашто определба цврсто стои дигитализацијата, одговорно работење и пионерство во иновации, Иуте Македонија пред 4 години ја воведе првата мобилна апликација на пазарот преку која корисниците можат да го завршат целиот процес дигитално, од аплицирање до одобрување, и притоа да имаат увид во моменталните обврски и кредитна историја.

Myiute се наоѓа на врвот на листата на најдобро рангирани и најмногу симнувани мобилни апликации во земјава во финансискиот домен, според официјалните статистики на App Figures.

Со 100% дигитално потпишани договори преку Myiute и преку 180.000 симнувања, оваа апликација која е врвна од технолошкo-иновациски аспект, не само што овозможува полесно управување со финансиите на едноставен, безбеден и комфорен начин, туку придонесува и кон заштита на околината.

Од нејзината имплементација на групациско ниво во 2020та до денес, со повеќе од еден милион корисници, заштедени се над 5 милиони листови А4 хартија и 25 тони неемитуван CO2. Апроксимативно неизодени 2.4 милиони километри, кои не само што придонеле кон почиста околина, туку и кон поефикасно користење на времето.

Воедно групациската АТМ мрежа не работи на стандарден пристап со пластични картички, туку со кодови, со што се намалува непотребното продуцирање на пластика.

Корисниците располагаат со нивните средства во секое време и било каде – 24/7, можат да купуваат на рати во рамки на моделот “Buy now, pay later” со пристап до нашата мрежа од преку 850 партнери, над 1.000 продажни места и 100 онлајн продавници, како и да вршат брзи плаќања преку мобилен телефон со скенирање на QR кодот.

 Иуте силно го продолжува ESG концептот, со јасно дефинирани приоритети и мерливи цели. Како лидери во делот на одржливи финтек решенија, нашата цел е да им овозможиме на нашите корисници да бидат финансиски и дигитално посилни, но и да направиме позитивен импакт на околината и општеството.

Клучни зборови

  • MyIute
  • Иуте Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk