Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Прв официјален состанок ИСОС – IFAC: Клучен чекор во процесот на меѓународно интегрирање

26 мај 2025 г.·3 мин читање·1276 прегледи

Следете не на Viber

Официјални претставници на Меѓународната федерација на сметководители (IFAC – International Federation of Accountants) и членови на раководниот тим на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) го одржаа првиот работен состанок посветен на дефинирање на чекорите и активностите кои треба да се исполнат во процесот на зачленување во оваа реномирана меѓународна професионална организација.

Нагласувајќи го значењето на зачленувањето на ИСОС во Меѓународната федерација на сметководители, претседателката на советодавната група за поддршка на организациите на професионални сметководители во IFAC, Јелена Мисита изјави: „Приклучувањето кон IFAC ќе испрати јасен сигнал до сите организации од јавниот и приватниот сектор на локално, регионално и меѓународно ниво дека ИСОС има капацитет, кредибилитет и релевантност, како и фокус кон заштитата на јавниот интерес“.

Континуирана обврска на членовите на IFAC е да ги усвојат, имплементираат и почитуваат меѓународните сметководствени стандарди, образовните стандарди кои се однесуваат на почетната обука, но и на континуираната професионална едукација на сметководителите, како и меѓународниот кодекс на етика.

„Исполнувањето на овие обврски е неопходно уште во фазата на аплицирање за членство во IFAC, затоа што тоа е гаранција дека меѓународните образовни, етички и сметководствени стандарди постојано ќе се применуваат во вашата земјата“, потенцираше Мисита.  

Заблагодарувајќи се на укажаната можност и дадените насоки за исполнување на неопходните чекори во процесот за зачленување во IFAC, претседателката на ИСОС Весна Прентоска изјави:

„Членството во IFAC ќе значи унапредување на професијата и препознавање и признавање на сметководителите од нашата држава во светот, што значајно ќе ја зголеми нивната вредност и конкурентност. Истовремено, исполнувањето на потребните услови за зачленување во оваа меѓународна организација со сигурност ќе го поттикне натамошниот развој на сметководствената дејност во нашата земја. Овој процес ќе им помогне на домашните сметководствени друштва, особено на помалите, да го зголемат уште повеќе квалитетот на услугите и својата ефикасност, што секако ќе придонесе и за поголемо вреднување на трудот на професионалните сметководители на пазарот“.

Процесот на приклучувањето кон IFAC се состои од повеќе чекори и бара поддршка и соработка од страна на сите засегнати страни, институции и партнери.

Клучни зборови

  • ИСОС
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk