Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Прв мастерклас на УНКТАД во Скопје: Ги охрабруваме жените да целат повисоко

29 окт. 2019 г.·3 мин читање·170 прегледи

Следете не на Viber

Потребна е поголема вклученост на жените во носењето клучни политики, решителност да го рашират својот глас, искористување на потенцијалот на технологиите за нивна поголема инклузија и креирање локални, регионални и глобални мрежи на жени претприемачи. Ова се поентите од првиот мастерклас „Е-трговија за жени“ организиран од УНКТАД (Конференција за трговија и развој на Обединетите нации) во С. Македонија.

Повеќе од 50 жени претприемачи учествуваа на првиот мастерклас кој се одржа изминатите два дена во Скопје, а потоа ќе се одржат уште серија исти во Кина, Индонезија, Иран, Мексико, Руанда и Брегот на Слоновата Коска. Нивен домаќин во Скопје беше  министерката за финансии Нина Ангеловска, како една од седумте жени амбасадори за е-трговија од целиот свет, избрана од УНКТАД да ја пренесе пораката за улогата на дигиталната трговија во развојот на претприемништвото кај жените како и важноста од нивно вклучување како поттик за економскиот раст.

– Задоволство ми е што иницијативата мастерклас „Е-трговија за жени“ започнува токму од Република Северна Македонија. Поради пониското учество на жените на пазарот на труд, регионот губи 20 проценти од растот на бруто-домашниот производ, додека земјава 16 проценти, покажуваат податоците на Светска банка. Ако ова го имаме предвид, треба да креираме паметни политики за поголема вклученост на жените, еднакви шанси и можности за сите што ќе придонесат за поголем економски раст. Сакам да ги охрабрам сите жени да целат високо, да веруваат во себе, да го искористат потенцијалот на технологиите и дигитализацијата и постојано да се надоградуваат. Новиот брз дигитален свет бара интердисциплинарни барања и носи предизвици, но на крајот на денот секој поминат предизвик нé прави посилни и поискусни – рече министерката за финансии Ангеловска, која е прва жена министер за финансии.

Министерката во овој дел потенцираше дека жените не смеат да се откажуваат пред проблемите, туку да наоѓаат решенија користејќи ја синергијата меѓу технологиите и својот потенцијал, знаење и грижливост.

– Жените претприемачи се соочуваат со бројни бариери како што се пристап до финансии, вештини и поддршка за раст на бизнисот, што се случува особено во земјите во развој. Целта на иницијативата „Е-трговија за жени“ е да креира силна мрежа на жени и воедно да ги инспирира да ги искористат можностите и да се вклучат во дигиталната економија – истакна Канденс Нкот Бисек, проектен менаџер на иницијативата „Е-трговија за жени“ на УНКТАД.

Според Ерик Јановски, претставник на канцеларијата на УСАИД во С. Македонија, поголемата вклученост на жените на пазарот на труд ќе доведе до поголем економски раст. Воедно ќе придонесе и за зголемување на животниот стандард во семејствата. „УСАИД има многу иницијативи кои ги поддржуваат жените, преку нив им помагаме на жените претприемачи да најдат нови пазари и да го зголемат извозот“ – рече тој.

Ова е единствен мастерклас од серијата „Е-трговија за жени“ на УНКТАД кој се одржува во Европа.

Клучни зборови

  • е-трговија
  • Нина Ангеловска
  • УНКТАД
  • УСАИД
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk