Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Противпожарни возила и опрема обезбедени за „Јасен“ преку проектот WILD-A

11 фев. 2026 г.·3 мин читање·1547 прегледи

Следете не на Viber

Специјализирани возила и опрема за противпожарна заштита се обезбедени за „Јасен“ преку проектот WILD-A – Превенција и управување со шумски пожари во прекуграничната област како средство за адаптација кон климатските промени. Во рамки на активностите предвидени се и научна експертиза, истражувања за заштитни мерки и поддршка на кампањи за подигање на јавната свест, посочи министерот за локална самоуправа, Златко Перински, кој изврши увид во активностите, заедно со вицепремиерот за политички систем, Љупчо Димовски, и со директорот на ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен” – Скопје, Ангеле Сотировски.

Проектот се спроведува во рамките на првиот повик од ИПА III – Програмата за прекугранична соработка со Република Грција, како соработка меѓу четири организации од двете земји. Партнери од македонска страна се ЈПУЗПП „Јасен“ и Балканската фондација за одржлив развој.

Вкупниот буџет за македонските партнери изнесува 458.370 евра, од кои 91.674 евра се обезбедени како национално кофинансирање од Министерството за локална самоуправа.

„Пожарите, особено во летниот период, кои оставаат пустош зад себе, како што сведочевме и минатата година во ‘Јасен’, предизвикуваат големи еколошки и економски штети. Нашата обврска е навремено да инвестираме во превенција и подготвеност за ваквите штети да ги спречиме, а не само да ги санираме“, рече Перински.

Преку проектот во областа „Јасен“ се зајакнуваат мерките за противпожарна заштита со набавка на специјализирани возила и опрема, вклучително противпожарно возило со голем капацитет за вода, две теренски возила со интегрирани пумпи, возило за интервенции во мала инфраструктура за заштита од пожари (багер со лопата), оптички систем за надзор со долг дострел како и опрема за мали инфраструктурни интервенции. Како дел од активностите се предвидува и обезбедување научна експертиза, спроведување истражувања за мерки за заштита од пожари и поддршка на кампањи за подигање на јавната свест

„Со заедничка соработка, знаење, технологија и посветеност, ние не само што ги намалуваме ризиците од шумски пожари, туку ја поттикнуваме интеграцијата, одговорноста и активното учество на локалната заедница“, истакна Сотировски.

Шумските пожари се сè поголем предизвик во услови на климатски промени, а овој проект носи конкретни решенија за превенција, рана детекција и заштита на биодиверзитетот.

Клучни зборови

  • Златко Перински
  • Јасен
  • противпожарна заштита
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk