Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисТехнологија

ПРОТЕСТИТЕ ПРОТИВ МАСК СТАНАА РИЗИЧЕН ФАКТОР ЗА ТЕСЛА: Компанијата испрати предупредување до инвеститорите, од Tesla Takedown велат: „Тоа ни беше целта“

24 апр. 2025 г.·3 мин читање·3837 прегледи

Следете не на Viber

Тесла официјално ги предупреди инвеститорите дека зголемените протести против извршниот директор Илон Маск може да им наштетат на продажбата и финансирањето. Ова е првпат производителот на електрични автомобили да ги наведе демонстрациите како ризик.

Во средата наутро, компанијата ажурираше дел во поднесокот до Комисијата за хартии од вредност на САД. Во него се наведува дека критиките кон Маск „поттикнаа протести, некои ескалираа до насилство насочено кон операциите, производите и персоналот“.

Во документот се додава дека негативните ставови кои произлегуваат од реакциите „може да му наштетат на нашиот бренд и нашиот бизнис (вклучувајќи ја и продажбата) и ќе го отежнат собирањето дополнителни средства доколку е потребно“.

Амандманот го проширува долгогодишниот фактор на ризик кој Тесла го носи со години. Претходните верзии само предупредуваа дека надворешните коментари, вклучително и шпекулациите за стабилноста на менаџментот, би можеле да влијаат на работењето и зголемувањето на капиталот.

Поднесокот на Тесла до инвеститорите најмногу ги израдува оние чијашто мисија е да го изреметат работењето на компанијата на Илон Маск. Портпаролот на Tesla Takedown, групата која координира многу од демонстрациите по тој повод изјави: „Не сме ни можеле да бараме подобра поддршка за нашето движење од тоа што Тесла официјално не именува како фактор на ризик. Кога вистината станува закана, знаете дека имате влијание“, напиша лицето во изјавата испратена по е-пошта до TechCrunch. „Огромниот успех на Tesla Takedown создаде моќна платформа за пошироко влијание“, се додава.

Паралелно, една од директорите на Tesla, Саманта Харис, го откажа своето патување во Рим во мај за да присуствува на конференција поради безбедносни грижи, објави Ројтерс во средата. Харис требаше да зборува на конференцијата за регенеративна иднина во Рим на 16-17 мај, чиј домаќин е Европскиот институт за иновации за одржливост (EIIS).

Сепак, Харис во е-пошта видена од Ројтерс му кажала на EIIS дека нема да може да присуствува. „Со оглед на неодамнешните протести и насилството против Тесла, а сега и во Рим, од мене беше побарано да го задржам моето надворешно присуство и да патувам…“, напиша Харис, според извештајот.

Автомобилите и инфраструктурата на Тесла беа цел на демонстранти во последно време, Во март, пожар во текот на ноќта во застапништвото на Tesla во Рим уништи 17 автомобили. Маск тогаш тоа го нарече „терористички чин“.

Гневот против Маск беше предизвикан од десничарскиот активизам на извршниот директор Илон Маск, како и од неговиот ангажман во Одделот за владина ефикасност на администрацијата на Трамп, DOGE. Маск, исто така, претходно изрази поддршка за екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) во Германија.

Маск вчера најави дека ќе направи чекор назад од своите одговорности во DOGE.  Извршниот директор на Tesla рече дека ќе продолжи да поминува „еден или два дена неделно на владини прашања онолку долго колку што би сакал претседателот, се додека тоа е корисно“.

Претходно овој месец, Tesla објави испораки за првиот квартал од 336.681 единици, што бележи пад од речиси 13% во однос на соодветниот квартал од 2024 година и претставува најлошото квартално работење на компанијата во најмалку две години.

Tesla објави пад од 71% на профитот во првиот квартал (Q1) на 0,27 долари по акција и пад од 9% на вкупниот приход на 19,34 милијарди долари во вторникот, пропуштајќи ги проценките на Волстрит со голема разлика.

(Фото: Cryptopolitan)

Клучни зборови

  • десничарски активизам
  • ДОГЕ
  • Доналд Трамп
  • илон маск
  • Тесла
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk