Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Просечната плата се поместила за 1,5% – во април 41.085 денари

20 јун. 2024 г.·1 мин читање·1865 прегледи

Следете не на Viber

Просечна нето-плата од 41.085 денари е исплатена во април и за еден месец е зголемена за 1,5 проценти. Априлскиот бруто-износ е 61.703 денари.

На годишно ниво, просечната месечна нето-плата има раст од 13,7 проценти. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека индексот во април, споредено со истиот месец лани, е 113.7.

Зголемувањето најмногу се должи  на растот кај просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: образование (21,8%), земјоделство, шумарство и рибарство (18,6%) и информации и комуникации (18%).

Месечното движење, пак, произлегува од позитивните промени во секторите зЗемјоделство, шумарство и рибарство (6,3%), информации и комуникации (5,7%) и транспорт и складирање (4,9%).

Во април најнизок просек статистиката забележала кај објекти за сместување и сервисни дејности со храна – 29.712, а највисокиот, вообичаено, е во секторот информации и комуникации, каде што е надмината осумдесетката, односно просечната нето-плата е 80.136 денари

Клучни зборови

  • ДЗС
  • Државен завод за статистика
  • највисока просечна плата
  • најниска просечна плата
  • просечна плата во април
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk