Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Колку изнесувала во септември просечната нето плата?

21 ное. 2020 г.·2 мин читање·12186 прегледи

Следете не на Viber

Според податоците на Државниот завод за статистика просечната нето-плата во септември годинава изнесува 27.405 денари и е за 7,7 отсто повисока во однос на минатогодишниот септември, додека просечната бруто исплатена плата изнесува 40.913 денари и е повисока за 8,2 отсто.

Зголемувањето се должи, пред се, на повисоката просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација за 10,6 отсто, во Преработувачка индустрија за 10,2 отсто и во Дејностите на здравствена и социјална заштита за 10 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата, во однос на претходниот месец има во секторите Земјоделство, шумарство и рибарство за 7,1 отсто, Уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто и Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 3,2 отсто.

Зголемување на испалатената бруто плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија за 10,7  отсто, Уметност, забава и рекреација за 10,6 и Дејности на здравствена и социјална заштита за 10,2 отсто.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 6,4 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство за 5,4 и Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли за 2,9 отсто.

Клучни зборови

  • Државен завод за статистика
  • нето плата
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk