Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЕдукација

Промоција на книгата „Монетите на Аргеадите од Нумизматичката збирка на НБРСМ“ издаденa од Народната банка

17 мај 2023 г.·2 мин читање·1095 прегледи

Следете не на Viber

„Објавените стручни публикации од областа на нумизматиката, монетарната историја и конзервацијата се значаен дел за нашата доследност во постојаното создавање, надградување, откривање и зачувување на традицијата“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на промоцијата на публикацијата „Монетите на Аргеадите од Нумизматичката збирка на НБРСМ“ од д-р Ефтимија Павловска, кустос во Музејот на Народната банка. Притоа, гувернерката дополни дека Народната банка ја поддржува музејската дејност во активностите за натамошно ширење на знаењата за долгата историско-еволутивна патека на парите, како едно од најважните технолошки откритија на човекот, како и за нивните особености својствени за овдешната македонска територија. „Сметаме дека афирмација на трајните цивилизациски придобивки од минатото коишто на различни начини ги обликувале општествените констелации во економска, културна и технолошка смисла, е наш влог во иднината“, подвлече гувернерката.

Книгата „Монетите на Аргеадите од Нумизматичката збирка на Народната банка“, прва систематизирана публикација за древните примероци пари коишто биле дел од монетарниот систем на Аргеадите, ја претстави академик Вера Битракова Грозданова, истакнувајќи „Монетите ‒  изобилство на производи, извори од прв ред за познавањето на минатото, претставуваат предност и надмоќ во релација со сите други објекти во активноста на човекот во антиката“.

Авторката на трудот, Ефтимија Павловска, се осврна на содржината на книгата, истакнувајќи: „Публикувањето на аргеадската збирка монети од Музејот на НБ ќе овозможи овој материјал да биде достапен за истражување, но и за негово проучување од страна на научната јавност, како и за информирање на пошироката публика за постоењето на едни од најстарите изданија коишто се откриени на денешната македонска почва.“

Народната банка, покрај исполнувањето на основните цели од својот мандат, напорно работи и на вградување дополнителни вредности во општеството преку негување на културното наследство. Музејот на Народната банка веќе две децении дејствува едукативно со постојаната музејска поставка, но и преку издавање публикации од кои општата, но и стручната јавност добиваат увид во развојот на монетарните системи и нивните стандарди во општествата, иконографијата и дизајнот на парите низ минатото  на овие простори, коишто оставиле свој белег во историјата на државата. Нумизматичката збирка на Музејот на Народната банка постојано се збогатува. Денес, со своите 22000 примероци, таа претставува најголема јавна нумизматичка збирка во државата.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Гувернерката
  • Народна банка
  • нбрсм
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk