Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Прометот зголемен за 190%, блоковите за 230%, индексот рекорден – 2024 златна година за Берзата

17 јан. 2025 г.·4 мин читање·4364 прегледи

Следете не на Viber

Изминатата 2024 беше година на Македонска берза. Во тие 365 дена се забележани бројни позитивни движења, високи резултати, а вредноста на МБИ10 постави нов, уривајќи го рекордот поставен пред 17 години. Малиот и ограничен со понуда од неколку стотини акции пазар на капитал, се вброи меѓу берзите во светот со најголем раст.

Кај основните показатели за успешноста очигледна е огромна разлива споредено со постигнувањата во 2023. Пазарната капитализација со натфрлување од 51,75 проценти изнесува 5,7 милијарди евра. Прометот е повисок за над 190 проценти и достигнува 218 милиони евра. Со месечно движење во опсег од најниските 7,37 милиони евра во јануари до највисоките 41,3 милиони евра во ноември. Интересот на инвеститорите се одразил и кај бројот на трансакциите, кај кои има зголемување за 98,26 проценти…

Процентуалните разлики се огромни и кај прометот во класичното тргување, за 151,54 насто. Годината е завршена со 7.223.877.617 денари или 117,46 милиони евра. За споредба, на крајот од 2023 бил запишан износ од 2.890.397.724 денари, односно 47 милиони евра.

Во тие рамки се опфатени остварувањата од тргувањето со акции, со обврзници, од блок-трансакциите. Прометот со акции има удел од 112,7 милиони евра, а со обврзници 4,7 милиони евра. Сепак, најголемото поместување од цели 230,32 проценти е регистрирано кај блок-трансакциите. Од 1.727.292.773 денари (28 милиони евра) во 2023, прометот достигнува 5.705.662.720 денари, што е противвредност на 92,77 милиони евра. Имаше блокови со акциите на „Гранит“, „Алкалоид“, Комерцијална банка, „Аутомакедонија“…, но најбројни беа со акциите на „Македонијатурист“. И, ако во 2023 биле изведени 82, лани се забележани 254 блока, а тоа е зголемување од 209,76 насто.

Бројот на трансакциите во класичното тргување е 23.492, а надминат е за 97,51 процент (11.896 во 2023). Дневниот просек на реализација е 97, а една година пред тоа бил 49. Просечен дневен број на трансакции 49 (+97,96%). Што се однесува до просечниот дневен промет, изнесува 29.606.056 денари (481,4 илјади евра) и зголемен е за 151,54 насто.

Според податоците од годишниот билтен на Македонска берза, најмал промет бил остварен во првиот месец од 2024, од 7,37 милиони евра. Веќе во февруари речиси се дуплирал. Само во текот на три месеци – јануари, јуни и август, бил под прагот на десет милиони евра. Над 20 милиони евра изнесувал во јули, над 30 во октомври и декември. А, најмногу се тргувало во ноември, кога е направен промет од 41,32 милиони евра.

Каква е состојбата кај акциите – елементи на македонскиот берзански индекс, соодветна е и вредноста на МБИ10. На 19 декември го надмина нивото од 10 илјади поени, а годината ја заврши со 10.200,91 поен. За потсетување, на крајот од 2023 вредеше 6.116,23 поени.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • акции
  • билтен 2024
  • Македонска берза
  • МБИ10
  • обврзници
  • промет
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk