Бизнис моделите кои денес се категоризираат како традиционални модели на работење на банките во минатото претставувале иновативни модели. Меѓутоа, фактори како што се промени во законската регулатива, технолошките иновации и промени во однесувањето на клиентите придонеле за развој на нови модели во банкарското работење. Можеби највпечатлив е ефектот од развојот на финтек индустријата и нејзиното влијание врз понудата на финансиски производи и услуги кои традиционално се нудат од страна на банките. Како последица од развојот на технологијата и финтек индустријата, традиционалниот банкарски бизнис модел станува неефикасен и неконкурентен.
Една од главните причини е тоа што овој традиционалните модел се потпира на широка мрежа на филијали и експозитури кои генерираат високи оперативни трошоци во своето работење. Од друга страна, се развиваат модели кои ги надминуваат ограничувањата на традиционалниот модел и драстично го менуваат начинот на понуда и користење н…