Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Промена на работното време на експозитурите на Шпаркасе Банка Македонија

Borjan·7 јул. 2020 г.·2 мин читање

Од 02.07.2020 година а заклучно со 18.07.2020 година, Шпаркасе Банка Македонија започна со издавање на домашната платежна картичка „Купувам домашно“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија.

Со цел побрзо и попристапно подигнување на картичките „Купувам домашно“ експозитурите на Банката ќе работат со изменето работно време со следниот распоред:

  • од 06.07.2020 година, заклучно со 10.07.2020 година (од понеделник до петок) работното време на СИТЕ експозитури ќе биде од 08 до 18 часот,
  • во сабота (04.07.2020 година и 11.07.2020 година) со работно време од 09 до 14 часот ќе работат експозитурите Централа, Чаир, Ѓорче Петров, Тетово, Куманово, Битола, Гостивар, Струмица, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Струга, Штип, Охрид, Гевгелија и Велес.
  • во сабота (04.07.2020 година и 11.07.2020 година) НЕМА да работат експозитурите Јане Сандански, Кисела Вода, Лептокарија, Буњаковец, Автокоманда, Беверли Хилс, Кочани, Виница и Неготино.

Проверете преку која експозитура можете да ја подигнете Вашата „Домашна платежна картичка“ на следниот линк.

При посета во експозитурите задолжително почитувајте ги мерките за носење лична заштитна опрема: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, памучна марама или шал, бандана и слично како и држење минимално растојание од 2 метри и дезинфицирање на рацете.

Клучни зборови

  • домашна платежна картичка
  • Експозитури
  • купувам домашно
  • Променето работно време
  • Шпаркасе Банка Македонија
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk