Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

ПроКредит банка ќе го зголеми капиталот со перпетуална обврзница од 5 милиони евра

21 мај 2026 г.·2 мин читање·1670 прегледи

Следете не на Viber

Една обврзница во вредност од пет милиони евра ќе издаде ПроКредит банка. Наменета е за институционалниот германски инвеститор ПроКредит Холдинг АГ од Франкфурт. Дозвола за емисијата доби на денешната седница што ја одржа Комисијата за хартии од вредност.

„Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое на ПроКредит Банка АД Скопје ѝ даде одобрение за издавање долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда. Се работи за прва емисија на една перпетуална обврзница со поединечна и вкупна номинална вредност од 5.000.000 евра, односно 308.475.000,00 денари.

Продажната цена нa перпетуалната обврзница е еднаква на номиналната и се нуди по цена од 5.000.000 евра. Перпетуалната обврзница е наменета за познат купувач – институционалниот инвеститор ПроКредит Холдинг АГ, Франкфурт, Сојузна Република Германија“, информираат од КХВ.

Со средствата од оваа емисија Банката ќе ја зголеми сопствениот капитал:

„Во согласност со одлуката од Собранието на акционери на Банката, обврзницата што се издава е субординирана, необезбедена, пренослива и без рок на доспевање. Издадениот капитален инструмент ќе се користи како додатен основен капитал на банката и произлегува од потребата за континуирано зголемување на капиталот во корелација со проектираниот раст на активата, зголемените капитални барања од регулаторот  и стратегиската оптимизација на структурата на капиталот“.

Клучни зборови

  • Комисија за хартии од вредност
  • перпетуална обврзница
  • ПроКредит банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk