Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПРОИЗВОДСТВОТО ЗАПИРА: Американската нафтена компанија „Шеврон“ си замина од Венецуела

23 апр. 2020 г.·2 мин читање·45 прегледи

Следете не на Viber

Администрацијата во САД и нареди на американската нафтена компанија „Шеврон“ да запре со производството на нафта во Венецуела, јави денеска Си-Eн-Eн.

„Шеврон“ работи во Венецуела со децении како и е единствената американска компанија присутна таму по санкциите на САД против државната нафтена компанијата на оваа земја (ПДСВА). Компанијата имаше ексклузивна лиценца на Министерството за финансии на САД да работи во Венецуела.

Како што јави телевизијата, ова можеби ќе има мало влијание на финансиското работење на „Шеврон“, но е критично за нафтената индустрија на Венецуела која е во колапс, иако земјата ги поседува најголемите докажани нафтени резерви во светот.

Иако има многу нафта, економијата на Венецуела во изминатата деценија е во очајна ситуација, постојано има рестрикции на струја а народот преживува голема хуманитарна криза.

Во изминатиот период, повеќе американски компании ја напуштија земјата. Меѓу нив се и „ЕксонМобајл„ и „КонокоФилипс“, кои заминаа откако поранешниот претседател Хуго Чавез ги национализираше нафтените полиња управувани од странски компании.

По огромни загуби во висина од 1.4 милијарди долари, во 2015 година од земјата замина и „Пепси ко“.

Клучни зборови

  • Нафтена компанија
  • Шеврон
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk