Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Производителот на руската „Лада“ со 585 милиони долари ќе го зголемува производството

27 дек. 2022 г.·2 мин читање·409 прегледи

Следете не на Viber

Одборот на директори на рускиот врвен производител на автомобили АвтоВАЗ ја одобри инвестициската програма на компанијата за 2023 година за нешто помалку од 40 милијарди рубљи (585 милиони долари), објави доцна во понеделникот руската државна новинска агенција РИА, цитирајќи го претседателот на АвтоВАЗ, Максим Соколов.

Renault  го продаде својот мнозински удел во Avtovaz на руската држава, наводно, за само една рубља (0,0165 долари) претходно оваа година, но со шестгодишна опција да го откупи. Истата државна институција овој месец за едно евро го откупи имотот на Nissan. Во месеците по почетокот на руската инвазија во Украина во февруари, АвтоВАЗ го намали производството и им нудеше на некои работници доброволно отпуштање поради недостаток на компоненти.

Претходно во декември, руското Министерство за индустрија и трговија на Руската Федерација објави дека одборот на директори на АвтоВАЗ го одобрил производствениот план на компанијата за 2023 година на ниво од 401.000 возила, соопшти РИА.

До 6 декември, производителот на автомобили произведе 200.000 возила оваа година, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на моделот Лада на компанијата.

Клучни зборови

  • Автоваз
  • Лада
  • нисан
  • рено
  • русија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk