Над една милијарда евра потрошиле граѓаните минатата година за набавка на храна и други производи, пазарејќи во маркетите од десет синџири во земјава, што е 10,9 насто повеќе отколку преклани. Според прометот, но и со оглед на цените, кои во одредени периоди драстично се зголемуваа, 2024 воопшто не беше лоша година за трговците. Но, во однос на рекордната 2023 г, изгледа скромно. Пред сѐ, од аспект на профитот. Можеби изгледа дека ова важи за Рипли, но од десет синџири на маркети, осум бележат пад на добивката. Нивниот заеднички профит изнесува 30,8 милион евра, што е 16,3 отсто помалку од чистата заработка во 2023 година, која изнесуваше 36,8 милиони евра.
Порталот Пари, користејќи ги податоците од Бизнис Мрежа, анализира што се случи со златната формула на успехот на трговците од малопродажбата и која е причината за новата реалност? Притоа, мора да се напомене дека во заднината на остварувањата се и револтот на граѓаните, двата бојкота и падот на куповната моќ. А, тоа, пак, ја натера Владата да па…