Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ПРОЕКТ ОД 17 МИЛИОНИ ЕВРА: Втор меѓународен тендер за енергетска конекција со Албанија

28 апр. 2025 г.·3 мин читање·961 прегледи

Следете не на Viber

Изградба на стокилометрски надземен далновод од Трансформаторската станица Битола 2 до македонско-албанската граница предвидува вториот меѓународен тендер што го објави МЕПСО. Вредноста на проектот е 17 милиони евра, средства обезбедени со заем и грантови од ЕБОР и од европските фондови. Оваа јавна набавка е базирана на највисоки критериуми за техничка изведба, квалитет и финансиска способност, вели генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи.

Понудите треба да се достават во рок од 45 дена, а изборот на најповолниот понудувач е предвиден за третиот годинешен квартал. Реализацијата на 400 киловолтната конекција, која е од големо значење и за енергетската стабилност на државата и за регионалната интеграција, би требало да стартува на почетокот од 2026, а да се заокружи на крајот од 2027 година. Амбицијата на Македонија е да стане стратешки енергетски јазол на Балканот.

„Изградбата на овој интерконектор ќе го позиционира нашиот систем како суштински дел од европската електроенергетска инфраструктура, овозможувајќи стабилно учество на регионалните пазари, пристап до системски балансни услуги и обезбедување на посигурно, поекономично снабдување за сите граѓани“, посочи Љатифи.

Инаку, енергетското поврзување со Албанија беше стопирано поради едностраното откажување на изведувачот „Енергоинвест“. Според Љатифи, по раскинувањето на договорот, во соработка со ЕБОР е изработен нов модел.

„За да дојдеме до одлуката ги консултиравме сите сериозни чинители и на крај одлучивме да го раскинеме договорот, зашто имаше неосновани финансиски побарувања за дополнителни средства и еднострано напуштање на теренот и условување со зголемени финансиски средства. Сето тоа е во спротивност со договорот и затоа тоа е основниот и најголемиот аргумент за неговото раскинување. Освен тоа, од 2020 година досега затекнавме реализација на само 24 од вкупно 269 столбови, што јасно укажува дали имало сериозност во изведувањето и завршувањето на проектот или не“, потенцира  Љатифи.

Како што рече, веќе се исплатени околу 5,8 милиони евра кон претходниот изведувач Енергоинвест, од кои околу два милиони евра се вратени преку банкарските гаранции.

„Не би рекол дека има финансиски реперкусии, бидејќи исплатените средства се отидени за набавка на опрема која е наша сопственост и е околу 50 проценти од опремата која ни треба за целосна реализација на проектот. За да потврдиме дека опремата и квантитативно и квалитативно е на ниво, ангажиравме стручни лица од Машински и Електро факултет кои тоа го потврдија“, образложи Љатифи.

Клучни зборови

  • Бурим Љатифи
  • енергетска конекција
  • меѓународен тендер
  • МЕПСО
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk