Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Проекции на Народна банка: Раст од 2,1 насто, инфлација до 9 проценти, помал дефицит и умерено кредитирање

16 мај 2023 г.·4 мин читање·773 прегледи

Следете не на Viber

Економски раст од 2,1 насто и просечна едноцифрена инфлација која би се движела во рамките од осум до девет проценти, се проекциите на Народната банка за годинава.

Предвидениот растот на економијата е помал во однос на основното сценарио, но е во средината на интервалот од двете сценарија од октомвриската проекција, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска. Притоа се смета дека кај условите во домашното и надворешното опкружување ќе има незначителни промени, а земени се предвид и најавените инфраструктурни проекти. И за наредните 2024 и 2025 година проекциите за БДП се непроменети, односно се очекува забрзување на растот. Проекцијата вели 3,6 и четири проценти, соодветно. Воедно, се смета дека растот ќе се темели на домашната побарувачка, а нето-извозот ќе има мал негативен придонес.

И кај инфлацијата се потврдуваат октомвриските согледувања, посочи гувернерката. Движењето се  забавува и годинава ќе се сведе на едноцифрено ниво, во интервалот од осум до девет проценти. Истовремено, појасни, енергетската компонента во значителна мера би придонела за забавување на инфлацијата, што се должи на претпоставките за намалување на цените на енергентите, а се очекува постепено ублажување на ценовните притисоци и кај храната. На среден рок, пак, се очекува инфлаторната стапка и натаму да ја губи силата, при што ќе се сведе под три проценти. А, тоа е близу до историскиот просек.

„Ризиците за проекцијата на инфлацијата на среден рок и натаму се поврзани со неизвесноста во поглед на идните движења на светските цени на енергијата и храната и интензитетот на пренос врз домашната инфлација. Исто така, растот на платите, а особено соодносот со растот на продуктивноста треба внимателно да се следат“, насгласи Ангеловска Бежоска.

Годинава се очекува зачително понизок дефицит на тековната сметка во споредба со октомвриската проекција, односно стеснување на дефицитот на 3,6 отсто од БДП. Во следниот период, додаде гувернерката, се очекува стабилизација на цените, што заедно со очекувањата за подобра глобална економија и закрепнувањето на најзначајните трговски партнери би придонеле за понатамошно намалување на дефицитот кај тековните трансакции. И тоа, на 3,2 отсто од БДП во 2024 и 2,7 отсто од БДП во 2025 година.

„Финансиските нето-приливи во периодот 2023 ‒ 2025 година во целост би го финансирале дефицитот на тековната сметка и ќе овозможат дополнителен раст на девизните резерви. Најголемиот дел од финансирањето би се остварил преку странските директни инвестиции, како и долгорочното задолжување на државата. Во целиот период на проекцијата се очекува дека девизните резерви ќе се задржат на ниво соодветно на меѓународните стандарди за одржување на стабилноста на девизниот курс“, наведе гувернерката.

Што се однесува до кредитната активност на банкарскиот сектор, присутен е поумерен раст во однос на октомвриските проекции. Проекцијата е дека на крајот од годинава ќе има забавување кое би довело до 5,7 проценти, а одреден придонес за ваквите движења, според гувернерката, имаат и донесените монетарни и макропрудентни мерки. Забрзување се очекува во наредниот период, односно кредитниот раст во 2024 и 2025 година би изнесувал во просек  6,6 проценти. „Гледано од аспект на изворите на финансирање, се очекува дека кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, којшто би изнесувал 6,9 во 2023 и 7,7 проценти во периодот од 2024 до 2025 година, во просек“, потенцира гувернерката на Народната банка.

Најновиот квартален извештај е усвоен од Советот на Народната банка. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и за стабилизирање на инфлацијата на среден рок.

Клучни зборови

  • Анита Ангеловска-Бежоска
  • Гувернерката
  • економски раст
  • Народна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk