Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Проекции на АЕК за 2025: Приходи и расходи од 9,3 милиони евра, за плати 3,6 милиони евра

13 дек. 2024 г.·2 мин читање·2591 прегледи

Следете не на Viber

Помал прилив на средства за 31,02 отсто предвидува за 2025 година Агенцијата за електронски комуникации. Приходите и расходите се на истото рамниште, односно колкав што ќе биде приливот, толкави ќе се и трошоците. Се смета на износ од 572.550.000 денари или 9,3 милиони евра. Најголемиот дел, околу 7,5 милиони евра ќе се остварат од надоместот за користење радиофреквенции. Кај трошоците највисок е планираниот расход за плати од 3,6 милиони евра.

Приходи од 460 милиони денари од надомест за користење радиофрекфенции, 57 милиони денари од надзор на пазарот на електронски комуникации, 53 милиони денари од надомест за користење на доделени броеви и серии броеви, се ставките на приходната страна наведени во Годишниот финансиски план за 2025, објавен на нивната веб-страница. Во овој дел се и приходите по основа на каматни листи и судски такси од 800 илјади денари, 500 илјади денара од продажба на расходувани основни средства, 350 илјади денари од камати на видување…

Кај трошоците се предвидени 222.255.060 денари за покривање на платите за вработените. Исто така во планираните расходи се и пренесени средства на други субјекти од 81. 537.534 денари, од кои најголемиот дел се за финансирање на дејности на оперативно-техничката агенција ОТА. Потоа за набавка на опрема – 45.421.291 денар, за интелектуални и други услуги – 34.154.000 денари, за помош, донации и други давачки – 31.733.000, за реклама, пропаганда и репрезентација – 4,9 милиони денари…

Во финансискиот план не се предвидени капитални средства.

Клучни зборови

  • агенција за електронски комуникации
  • АЕК
  • проекции за 2025
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk