Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Продолжување на стратешкото партнерство меѓу Флекс Кредит и СОС Детско село

20 ное. 2023 г.·2 мин читање·2161 прегледи

Следете не на Viber

Убаво е кога партнерствата продолжуваат и растат!

Овој месец во просториите на СОС Детско село претставниците од Флекс Кредит и претставниците од СОС Детско село потпишаа нов договор за стратешко партнерство.

Генералната директорка na Flex Credit  Јоана Спасовска, изјави дека се горди како компанија што и втора година по ред ја поддржуваат најранливата категорија, децата без родители и родителска грижа.

“Флекс Кредит, како општествено одговорна компанија веќе втора година преку финансиска донација и преку различни активности гo поддржува СОС Детско село во реализација на нивната мисија. Изминатата година имавме можност да организираме забавни активности со нашите вработени, нивните деца и дечињата од СОС Детско село; многу дружба, смеа и подароци. Воедно станавме и дел од проектот ЗА МЛАДИТЕ – проект за зајакнување на вработливост на младите од социјален ризик на начин што нашите вработени реализираа обуки за младите поддржани од СОС Детско село. До крајот на годината ќе опремиме и една соба во младинските куќи која ќе служи за релаксација и забава на младите кои престојуваат таму. Веруваме во нашиот партнер и сме посветени да ја поддржуваме нивната работа и во наредните години.”

Претставникот на организацијата СОС Детско село ја поздрави одлуката на менаџментот на ФлексКредит:

“Навистина сме горди и среќни што ја продолжуваме соработката со Флекс Кредит. Тоа ни дава до знаење дека постојат компании кои можат и се трудат да помогнат на повеќе нивоа, на различни начини. Посебно не радува фактот дека Флекс Кредит ја препозна нашата работа и не гледа како долгорочен партнер. Тоа многу значи за нашиот пат кон само-оддржливост – истакна Силвија Брајовиќ – директор на секторот за собирање средства и комуникации на СОС Детско село.

ПР Објава

Клучни зборови

  • Јоана Спасовска
  • Силвија Брајовиќ
  • сос детско село
  • ФЛЕКС КРЕДИТ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk