Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Продолжуваат активностите од еко-конкурсот на dm ,,Зелена иднина: од градинка до училиште“: Ново раззеленување на 2 училишни двора

27 фев. 2026 г.·3 мин читање·1235 прегледи

Следете не на Viber

Продолжуваат активностите за раззеленување и уредување на училишните дворови во рамките на проектот „Зелена иднина: од градинка до училиште“, кој компанијата dm drogerie markt го реализира во партнерство со Македонското еколошко друштво (МЕД). По успешната реализација на првата фаза од отворање на конкурсот во септември 2025 година, кога беа раззеленети четири училишни двора со повеќе од 500 садници, оваа година проектот продолжува со нови активности во две училишта: ОУ „Маршал Тито“ во с. Банско, Струмица, и ОУ „Андреја Савевски – Ќикиш“ во Тетово. Во овие училишта, со посадени вкупно 160 садници, дворовите добија свеж и обновен изглед.

Садењето се одвиваше во прекрасна и инспиративна атмосфера, исполнета со активно учество на децата. Учениците со голема радост и внимателност учествуваа во секој дел од процесот, што им овозможи да стекнат практични знаења и да се поврзат со природата на еден непосреден начин. Тие покажуваа вистински интерес, поставувајќи многу прашања за важноста на зачувувањето на зеленилото и животната средина, а поддршката од експертите од Македонското еколошко друштво (МЕД) придонесе ова искуство да биде и едукативно и мотивирачко – активностите беа збогатени со едукативни предавања кои ги реализираа експерти од Македонското еколошко друштво (МЕД), со цел учениците преку непосреден контакт со природата и садењето да стекнат знаења за значењето и важноста од грижата за животната средина.

За потсетување, конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“  е отворен за сите државни и општински основни и средни училишта и градинки да го пријават својот двор за истиот да добие шанса да биде раззеленет и хортикултурно уреден. Сите проекти пријавени на конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ ги разгледува специјално составен стручен тим од претставници на dm drogerie markt и претставник од Македонското еколошко друштво (МЕД), а крајниот рок за аплицирање е 31.8.2026. Во секој од предвидените месеци за садење се реализираат по два проекти. Пријавувањето на нови проекти за конкурсот „Зелена иднина: од градинка до училиште“ може да се направи преку формуларот за пријава на платформата ,,Заедно едни за други“.

Овој проект претставува значаен пример за општествена и еко-одговорност, преку кој компанијата dm drogerie markt во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) дава свој придонес кон заедницата и промовира висока свест за заштита на животната средина. Од друга страна, проектот ја истакнува важноста на знаењето на младите генерации за одржлив развој и вредностите што ги негуваат како идни носители на општествената одговорност и грижа за природата.

ПР Објава

Клучни зборови

  • dm
  • Зелена иднина: од градинка до училиште
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk