Глобалната автомобилска индустрија изминативе години минуваше низ период на криза и неизвесност. Пандемијата предизвика прекин на синџирите за снабдување со делови од Азија во Европа и САД. И македонската автомобилска индустрија се соочуваше со многу големи предизвици врз кои индиректно влијание имаа глобалната криза со недостиг од чипови, енергетската криза, поскапувањето на речиси сите суровини, недостиг од работна сила итн.
Порталот Пари во соработка со Бизнис мрежа анализира кои автомобили биле најпродавани и колку заработиле ТОП десетте бизнис-лидери во трговија на големо со моторни возила.
Според податоците, Македонците претпочитаат европски производители на нови возила, а најголеми приходи лани од продажба на нови возила и од сервис оствариле компании коишто на нашиот пазар увезуваат германски и француски возила. Десетте најголеми увозници на автомобили минатата година направиле промет од околу 365 милиони евра. Толку пари остав…