Козметиката најчесто се поврзува со убавина, стил и самодоверба. Со кремови, лосиони, масла, шминка, парфеми ‒ за сите возрасти. Сѐ завршува со поглед во огледало и мирис што се шири, а ретко кој размислува дека сето тоа е бизнис зад кој стои сериозна економска структура.
Во трговијата на мало со козметички и тоалетни препарати се преплетуваат глобалните трендови, силните брендови и домашните компании што успешно се позиционираат на пазарот. Конкуренцијата е голема, а целта на сите нив е – што повеќе купувачи, кои имаат големо влијание врз финансиските ефекти од работењето и во добар дел ја одредуваат и нивната позиција.
За позицијата на најдобрите 16 компании во оваа категорија, распоредени по десет според приход, добивка и човечки потенцијал, говора…