Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Прокредит банка и ЕБОР го поттикнуваат финансирањето на малите и средните бизниси

8 окт. 2019 г.·2 мин читање·529 прегледи

Следете не на Viber

€5 милиони кредит од ЕБОР, заедно со €0.75 милиони грант од ЕУ, наменети за претприемачите за помош во достигнувањето на ЕУ стандардите

-ЕБОР обезбеди кредит од €5 милиони за ПроКредит Банка за кредитирање на малите и средни бизниси
-Компаниите ќе добијат и €0.75 милиони грант од ЕУ ИПА програмата
-Најмалку 60% од финансирањето е наменето за подобрување на одржливата енергија

Македонските мали и средни претпријатија ќе имаат придобивка од приклучувањето на ПроКредит Банка (ПКБ) во иницијативата на ЕБОР, како четврта банка која ќе го поттикнува кредитирањето на приватните МСП.

ЕБОР обезбедува €5 милиони кредит за ПроКредит Банка од Програмата за МСП за поддршка на конкурентноста на Западен Балкан, која е поддржана од ЕУ, и обезбедува среднорочно и долгорочно финансирање на МСП и им помага да се усогласат со стандардите и условите за работење на ЕУ.

Кредитот на ЕБОР е поддржан со €0.75 милиони грант од ЕУ, одобрен од Инструментот за пред-пристапна помош – ИПП (Instrument for Pre-Accession Assistance – IPA).

Најмалку 60% од средствата на ЕБОР наменети за ПроКредит Банка, ќе бидат искористени за финансирање на заштеди на енергија и ресурси, како и поврзаните трошоци.

Програмата за МСП за поддршка на конкурентноста на Западен Балкан се стреми кон обезбедување барем €30 милиони кредит за македонските комерцијални банки во наредниве неколку години, каде ЕУ ќе донира уште €6 милиони.

Моменталната програма е надградба на претходно распределните €20 милиони за поддршка на програмата за конкурентност, кои беа пласирани од 2010 до 2015 година. Поддршката на ЕУ во овој период беше €4 милиони.

ЕБОР инвестира во македонската економија од 1993 година. До денес, Банката има потпишано 120 проекти во земјава, со нето кумулативен деловен опсег над €1.9 милијарди.

Клучни зборови

  • ЕБОР
  • ИПА
  • ПроКредит банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk