ПРОБЛЕМОТ СО МОТОРИТЕ ГО СМЕНИ ПЛАНОТ НА ВИЗЕР: Девет лета од Скопје се кратат, три се зајакнуваат
Маја Анастасова2 мин читање
Со зимскиот рет на летање, кој стартува од 27 октомври, стапуваат во сила промените во распоредот на летање на „Визер“. Скопје останува покусо за девет линии, а Белград за шест.
„Визер“ продолжи со намалувањето на фреквенциите во своите бази за претстојната зимска сезона 2024/25, која почнува на 27 октомври, бидејќи флотата на семејството A320neo е подложена на инспекции поради производствените проблеми со моторотите. Тоа продонесе „Визер“ моментално да има повеќе од 40 приземјени авиони“, пишува Ex-Yu Aviation News.
Од пет на четири се намалуваат неделните летови од Скопје до Шарлроа и Ајндховен, од пет на три за Берлин, од четири на три за Келн, Милано и за Хамбург, од три на два за Хан и за Болоња, а за Малта од првично планираните четиринеделни на тринеделни ротации.
Како што беше и претходно објавено, авиокомпанијата ја прекина продажбата на билети за зимската сезона за летовите од Скопје до Бремен, до Копенхаген и до Стокхолм Скавста. Од друга страна, услугите кон Нирнберг ќе се зголемат од два на три лета неделно, за Малме од три на пет и за Лондон Лутон од три на четири неделни летови.
Од Белград, во однос на првичниот план, оваа нискобуџетна компанија ја намалува фреквенцијата на летови до Бове, Барселона, Берлин и Ајндховен од пет на четири неделни ротации, како и до Бергамо од четири неделни ротации на три. Сепак, ќе го зголеми сервисот за Дортмунд од три на четири неделно, како и Гетеборг, Малме и Стокхолм Скавста од две на три ротации неделно.