Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Признание за Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп за промовирање на родовата еднаквост на работното место

19 мар. 2024 г.·2 мин читање·600 прегледи

Следете не на Viber

Компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) е добитник на признание за промовирање на родовата еднаквост на работното место, во рамките на годинашната кампања на Алијансата за родова еднаквост (GEA) наречена „Митови наспроти Факти“.

На вчерашниот настан со кој беше одбележан крајот на кампањата по повод меѓународниот ден на жената, на ФМТКП му беше оддадено признание и за континуирана поддршка како партнер на заложбите на Алијансата за родовата еднаквост на работното место.

Како голема меѓународна компанија, со повеќе од 89.000 вработени, Филип Морис Интернешнал (ФМИ) воспостави стандарди за извонредност за родова еднаквост, поради кои неколку години по ред е добитник на глобалниот сертификат EQUAL-SALARY за еднаква плата на мажите и жените.

Конкретните иницијативи на ФМИ и, воедно, на ФМТКП за целосно достигнување на родовата еднаквост вклучуваат: решавање на родовата пристрасност во проценките на талентите – вклучително и при регрутирање, управување со системи за следење на резултати и можности за унапредување, користење на родово неутрален јазик во огласите за работа, а потесниот избор на кандидати се прави со рамнотежа помеѓу половите и се користат различни панели за интервјуа, за да се намали ризикот од несвесна пристраност во проценките на талентите.

Како резултат на ова, следната цел на компанијата во поглед на родовата застапеност е 35 проценти од жените да бидат на високи лидерски позиции до 2025 година. Новата цел ја демонстрира желбата на компанијата за постојано подобрување на родовата застапеност.

 

Клучни зборови

  • родова еднаквост
  • Тутунски Комбинат Прилеп
  • филип морис
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk