Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Признание Македонски квалитет 2020 за 10 македонски економски амбасадори

25 дек. 2020 г.·3 мин читање·2125 прегледи

Следете не на Viber

Десет претпријатија кои се македонски економски амбасадори го добија престижното Признание за македонски квалитет, кое традиционално го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на Претседателот на PCM, Стево Пендаровски. Свечениот настан оваа година се одржа во претседателската резиденција „Вила Водно“, со доделување на националните претпријатија кои придонесуваат кон развојот на македонската економија и го афирмираат македонскиот квалитет во земјата, но и интернационално.

Оваа манифестација е еден светол пример за оддавање на признание на македонските бренд амбасадори кои успеале да продолжат да делуваат и се залагаат за подобра национална економија и покрај многубројните предизвици со кои сите се соочуваат во 2020 година.

Признанијата ги доделија претседателот на Република Северна Македонија г. Стево Пендаровски и претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија г-ѓа Данела Арсовска, а добитници на Признанието за 2020 година се „Еви Интернационал“, „Терма лифт“, „Ваурон“, „Ми-комерц“, „Процес Ин“, „Раденковиќ консалтинг“, „Зафир Комерц“, „Девомак“, Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ и Горјан Јовановски автор на апликација „Мој воздух“.

Претседателот на Сојузот на стопански Комори, Арсовска во своето обраќање на настанот истакна дека овие ентитети демонстрираат упорност да ги реализираат своите идеи и покрај бројните предизвици со кои сме соочени годинава.

„Потребно е континуирано да се поддржуваат сите кои се борат за подобра економска иднина и допринесуваат и во време на криза како оваа предизвикана од пандемијата. Убаво е да се видат светли примери и во оваа година која беше исполнета со предизвици, кои се доказ дека никогаш не треба да се откажете од градењето на сопствената успешна приказна. Македонските економски амбасадори, треба да се мотив во 2021 година сите заедно да делуваме да се креира подобро деловно опкружување и да им се помогне во нивната мисија со вредна и посветена работа, да бидат наш прозорец кон светот и гордо да не претставуваат со своите успеси. . На овој начин се промовира и македонскиот идентитет во светот што во овие моментите е особено критично и важно “, истакна Арсовска.

Претседателот Пендаровски порача дека оваа година признанието за македонски квалитет има посебна тежина.

„Вие знаете најдобро, во овие тешки услови колку напори вложивте за компаниите да опстанат, да ги сочувате вработените, да не кратите од нивните плати, а при тоа, да го задржите квалитетот на производите и услугите што ги испорачувате. Затоа признанието за македонски квалитет оваа година има посебна тежина и сите добитници заслужуваат особена почит. Сакам најискрено да им честитам за постигнатото, верувам дека признанието за квалитет ќе биде мотив за уште поголеми успеси во иднина. Во овој контекст, посебно за одбележување е што сe води сметка признанието да го добијат економски субјекти кои се грижат за своите вработени. Се радувам што и оваа година избраните компании, кои се од различни области, се стремат кон општествена одговорност, технолошко унапредување и воведување на иновации во својата област, а при тоа не забораваат да ја чуваат и промовираат македонската традиција“, истакна претседателот Пендаровски.

Оваа манифестација се одржува секоја година во знакот на оддавање признание и промовирање на деловните успеси на македонските претставници на национален бренд за тековната година, при што секоја година се доделуваат 10 признанија за македонски квалитет.

Клучни зборови

  • Данела Арсовска
  • Сојузот на стопански комори на Македонија
  • Стево Пендаровски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk