Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Привремените отсуства од работа повисоки кај жените

9 јул. 2020 г.·2 мин читање·649 прегледи

Следете не на Viber

Во земјите од Европската Унија, 9,7% од вработените лица привремено отсуствувале од работа во последниот квартал на 2019 година. Во првиот квартал на 2020 година, процентот е зголемен така што, 12,0% од вработените привремено отсуствувале, што значи  зголемување од 2,3 процентни поени.

Меѓу земјите членки на ЕУ за кои се достапни податоците, највисоки стапки на привремени отсуства од работа во првиот квартал на 2020 година се забележани во Франција со 18,1%, потоа Шведска со 16,2% и Австрија со 15,0%, а најниски стапки се регистрирани во Романија од 2,5%, Малта 3,3% и Бугарија 4,4%.

Согласно податоците на „Евростат“, во центарот на вниманието се родовите разлики. Така, мажите и жените во работен однос не биле подеднакво отсутни од работа во првиот квартал на 2020 година.

Во сите земји-членки на ЕУ, освен Кипар, уделот на привремени отсуства од работа бил поголем кај жените отколку кај мажите. Најголема разлика е забележана во Литванија, каде учеството на отсуства кај жените е повеќе од два и пол пати поголемо отколку кај мажите, поточно 17,1% кај жените во однос на 6,5% кај мажите.

Голем јаз помеѓу стапките на отсуство кај мажите и жените е регистриран и во Унгарија и тоа 13,2% за жени и 5,5% за мажи, понатаму Полска со 12,1% за жени и 5,1% за мажи, како  и Латвија со 12,0% за жени и 5,0% за мажи.

Клучни зборови

  • отсуство
  • отсуство од работа
  • работа
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk