Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

ОсигурувањеФондови

Приватно семејно здравствено осигурување отсега и онлајн со Еуролинк осигурување!

20 окт. 2019 г.·2 мин читање·606 прегледи

Следете не на Viber
Еуролинк осигурување за првпат на семејствата во Македонија им нуди решение за онлајн купување на полиса за приватно семејно здравствено осигурување ‒ уникатен продукт кој овозможува здравствена заштита и лекување на целото семејство во најдобрите и најмодерни приватни здравствени установи во Македонија и во Европа.

Можноста за онлајн купување на приватно здравствено осигурување за целото семејство претставува иновација за македонскиот осигурителен пазар, зад која стои модерна технологија и софистицирана техничка поддршка. Заинтересираните граѓани можат самите во реално време да извршат процена на својата здравствена состојба, и тоа без потреба од прегледи и чекање, што, исто така, претставува нов пристап во начинот на обезбедување здравствена заштита кај нас. Процесот на пополнување на прашалник за здравствена заштита се врши електронски, безбедно и доверливо, а граѓаните добиваат осигурување или одговор веднаш.

Во интернет продавницата и на веб-страницата на Еуролинк ќе ги најдете сите потребни информации за придобивките од осигурувањето, месечната премија и условите за осигурување, сè со цел да можете да донесете одлука за добра здравствена заштита на Вашето семејство. Приватното семејно здравствено осигурување нуди три различни пакети создадени според потребите на модерното семејство и тоа: Старт, Комфор и Премиум како и 24/7 телефонска поддршка и можност за навремено реагирање во кој било дел од денот. Во промотивниот период до 15 ноември, граѓаните имаат можност да купат онлајн полиса за приватно семејно здравствено осигурување со попуст од 5% на основниот пакет.

Со оваа полиса Еуролинк покрива трошоци за сместување во приватни болници по принцип на директна исплата на болничките трошоци кон болниците, без да го оптовари семејниот буџет на своите осигуреници. Голема придобивка е можноста осигурениците да се лекуваат кај лекар и во здравствена установа по сопствен избор, што овозможува навремена и квалитетна здравствена заштита во моменти на итност. Вклучени се и сите општи и специјалистички прегледи без ограничување, како и превентивни прегледи по избор и потреба на осигуреникот. По барање на клиентите, Еуролинк осигурување ја прошири својата понуда со можност за покривање на трошоци за породување и неинванзивни пренатални тестови, како и офталмолошко и стоматолошко лекување.

Посетете ја интернет-продавницата уште денес, искористете го промотивниот попуст и самите обезбедете си целосна и квалитетна здравствена грижа за Вашето семејство во еден чекор: https://pay.eurolink.com.mk/payment/health_insurance

Клучни зборови

  • Еуролинк осигурување
  • онлајн полиса
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk