Сума од 8,5 милиони евра се свртела минатата година во петте приватни универзитети што имаат најголеми приходи. Каков е интересот за запишување на приватните универзитети во земјава и каква е нивната финансиска кондиција во изминатите три години, анализира „Таргет Груп“.
Според Државниот завод за статистика, во академската 2019/2020 година запишани се вкупно 51.734 студенти, што претставува намалување за 3,6 отсто во однос на академската 2018/2019 година. Најголем број или 85,3 отсто од студентите се запишани на државните високобразовни установи, додека останатите се на приватните високообразовни установи. Дури 57,1 отсто од запишаните студенти се женски. Интересно е дека бројот на запишани студенти во учебната 2018/2019 година е намален за 15,4 отсто во споредба со 2008/2009 година, покажува извештајот на Државниот завод за статистика.
Според Државниот завод за статистика, во академската 2018/2019 година на приватните високообразовни установи, каде се вклучени високи стручни школи и факултети се запишани 7.250 студенти.
И тоа на ЈИЕ Тетово се запишани 1594, на Меѓународен балкански универзитет запишани се 1439 студенти, на универзитетот во Гостивар Визион има запишани 799 студенти, на Американ Колеџ се запишале 652 студенти, на Европски универзитет се запишани 597, на ФОН има запишани 539, на Универзитето за туризам и менаџмет има запишани 483 студени, на Меѓународен Славјански универзитет има 300 студенти, на Еуро колеџ од Куманово запишани се 225 студенти а на МИТ има 213, останатите се на уште неколку помали приватни високообразовни установи.
РАСТАТ ПРИХОДИТЕ НА ФОН, ПАЃААТ НА ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
Во Универзитетот ФОН на бизнисменот Фијат Цановски во последните три години се свртела сума од 6,2 милиони евра, односно приходите на овој универзитет се движат околу два милиони ев…