Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Легендата е повторно родена пристигнува новиот „Νissan Ζ”

18 сеп. 2020 г.·2 мин читање·245 прегледи

Следете не на Viber

Љубителите на култниот „Datsun 240Z” сигурно ќе имаат за што да се радуваат затоа што „Nissan“, по долго доцнење, конечно го „забрза темпото“ и со воведувањето на концептот Z Proto, го најави доаѓањето на најновиот во низата модели на „Z“, кои најверојатно ќе носат 400Z или Fairlady Z35, на некои пазари.

Како што самата ознака „Proto“ (Прото) вели, станува збор за некој врста на прототип на идниот сериски модел кој на пазарот ќе го замени „370Z“.

Нисан преку новиот модел сака да ја раскаже приказната за историјата на своите спортски модели, долга половина век, па во склад со тоа е и обликуван моделот „Z Proto“.

Затоа дизајнот на надворешноста изобилува со ретро елементи, а и жолтата боја во која е обоен автомобилот од промотивните фотографии потсетува на онаа која некогаш ја носеле „Z“ моделите.

Обликот на фаровите претставува уште еден ретро детаљ, по углед на Нисан „JDM 240ZG“ од седумдесеттите години на минатиот век.

„Z Proto“ е сепак модерен спортски автомобил кој е поставен на 19 инчни алуминиумски бандажи, а дека станува збор за возило од крајот на втората деценија од 21 век сведочат бројните аеродинамични додатоци, од кои некои се изработени од карбонски влакна.

Дека се работи за модерен автомобил, јасно е кога ќе се види во патничката кабина и се здогледаат дигиталните екрани на инструмент таблата и централната конзола.

И овде Nissan задржал некои ретро детали, како трите спортски аналогни инструменти на врвот од командната табла.

Кога станува збор за димензиите, должината на Nissan „Z Proto“ е 4.382мм, ширината 1.849мм, а висината 1.311мм.

Тоа знали дека автомобилот е малку подолг и поширок од „370Z“, ни и понизок од тој спортски модел.

Клучни зборови

  • proto
  • автомобили
  • коли
  • нисан
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk