Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

Пристигна Хајнекен 0.0 безалкохолно пиво – на Пивара Скопје

14 фев. 2021 г.·3 мин читање·3367 прегледи

Следете не на Viber

Пивара Скопје лансира ново пиво на македонскиот пазар. Скопската компанија, која е во заедничко сопствеништво на Кока Кола ХБК од Швајцарија и Хаинекен Н.В. Холдинг од Германија позитивно ги изненадува уживателите на Хајникен.

Уживателите во уникатниот вкус на Хајникен имаат уште една голема причина за задоволство: пристигна Хајникен 0.0 со нула алкохол.

Хајникен 0.0 е освежително безалкохолно лагер пиво кое овозможува уживање во светски познатиот Хајникен квалитет во секое време и на секое место. Задоволството е навистина големо затоа што Хајникен 0.0 порачува #СегаМожеш, нудејќи им на љубителите на пивото дополнителна опција за уживање без алкохол.

Збогатувањето на своето портфолио на пива, Пивара Скопје го прави во вистински момент.

„Хајникен 0.0 доаѓа во вистинско време. Нашата цел е со Хајникен 0.0 да понудиме поинакво уживање, ослободено од ограничувањата кои консумацијата на алкохол може да ги нaметне, а сепак да уживаме во вистински вкус на пиво со премиум квалитет. Со проширувањето на портфолиото токму во сегментот на премиум безалкохолни пива, го поттикнуваме развојот на оваа категорија која кај нас е во зародиш и воедно продолжуваме да ја промовираме одговорната консумација. Нашата стратегија за успешно позиционирање на Хајникен 0.0 на пазарот се темели пред сè на градење свесност и препознатливост на брендот и создавање нови прилики за консумација секаде каде што има потенцијал, затоа што Хајникен 0.0 отвора сосема нов свет на можности за различни категории потрошувачи‘’, изјави Слободан Видиќ, Комерцијалeн директор на Пивара Скопје.

Хајникен 0.0 има перфектно балансиран вкус добиен од 100% природни состојки и уникатна рецептура направена од пивските мајстори, како резултат на нивно долгогодишно истражување. Содржи само 21 калории на 100 милилитри, што значи една лименка безалкохолен Хајникен од 0.33л. има само 69 калории.

Голем дел од потрошувачите денеска и утре ќе имаат можност да го пробаат Хајникен 0.0 на неколкуте „Дестинација 0.0’’ промотивни локации низ Скопје, кои неколку дена ја држеа јавноста во неизвесност. На социјалните мрежи и онлајн медиумите се зборуваше, пишуваше и погодуваше за што станува збор, за конечно денеска сите оние кои ја следеа „Дестинација 0.0“ на Google да дојдат на некои од локациите и се уверат во одличниот вкус на безалкохолниот Хајникен 0.0.

Клучни зборови

  • безалкохолно лагер пиво
  • пивара скопје
  • хајникен
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk