Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ПРИСТАП ДО ГРАНТОВИ ОД 85 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, инвестициите проценети на три милијарди евра – Усвоен планот за праведна транзиција

18 дек. 2024 г.·3 мин читање·1716 прегледи

Следете не на Viber

Планот за имплементација на праведната транзиција за 2025 година ќе овозможи пристап до грантови и концесиски средства во износ од 85 милиони долари, а вкупните инвестиции потребни за имплементација на процесот се проценети на три милијарди евра. Ова произлезе од состанокот на Советот за праведна транзиција, кој се одржа под претседателство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Притоа, разгледани се и усвоени клучните точки од реформската агенда и од планот за праведна транзиција за 2025 година. Овој Совет, составен од претставници на институциите, компаниите, работните групи и локалните заедници, има централна улога во управувањето и координацијата на процесот на праведна транзиција во Македонија.

Според соопштението од ресорното Министерство, на состанокот се дискутирало за неколку значајни точки:

Одобрување на Годишниот план за имплементација на праведната транзиција за 2025 година (Just Transition Annual Implementation Plan 2025) – Планот ги опфаќа клучните активности, проекти и интервенции кои ќе бидат спроведени во 2025 година, како и управувачката структура и ресурсите потребни за успешна реализација.

Управувачката структура за праведната транзиција – Презентирани беа предлозите за градење капацитети во институциите и компаниите, со посебен акцент на обезбедување координирана и ефективна имплементација.

Извештај за спроведените активности и следните чекори – Членовите на Советот беа информирани за досега реализираните активности и обврските кои треба да се завршат до крајот на месецот, вклучително и доставувањето на потврдениот план до Европската унија.

Работните групи за обновливи извори и складирање, економска транзиција и обука и преквалификација веќе го разгледаа планот и дадоа свои коментари и предлози, кои беа вклучени во финалната верзија. На состанокот учествуваа и претставници од битолскиот и кичевскиот регион, кои ја нагласија потребата од конкретни мерки што ќе им помогнат на локалните заедници во транзициските процеси.

Советот го потврди Годишниот план за имплементација за 2025 година, а неговото доставување до крајот на месецот ќе претставува значаен чекор напред во реформската агенда и Планот за раст на земјата.

Министерката Божиновска подвлече дека планот овозможува пристап до 85 милиони американски долари грантови и концесиски средства, додека вкупните инвестиции потребни за имплементација на процесот се проценети на три милијарди евра. Се очекува дека две милијарди евра ќе се мобилизираат преку приватни инвестиции, првенствено во секторот на обновливи извори на енергија, со поддршка од развојни банки и буџетски средства.

„Праведната транзиција е клучен процес за обезбедување на економија со ниски емисии на јаглерод, притоа заштитувајќи ја егзистенцијата на работниците и заедниците. Преку инклузивен и социјален дијалог со работниците, синдикатите, работодавците и заедниците, ќе креираме мерки за ублажување на негативните ефекти, заштита на ранливите домаќинства од енергетска сиромаштија и поддршка за нови бизниси и работни места“, истакна министерката Божиновска.

Советот за праведна транзиција се состанува еднаш месечно со цел забрзување на динамиката на процесот и редовен мониторинг на напредокот.

Клучни зборови

  • Годишен план за имплементација на праведната транзиција
  • грантови
  • Министерство за енергетика
  • проценети инвестиции
  • Сања Божиновска
  • Совет за праведна транзиција
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk